• Latest

Николов: Нашата основна функција како пратеници би немала смисла доколку го изгубиме контактот со граѓаните

November 4, 2020
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИНТЕРВЈУ

Николов: Нашата основна функција како пратеници би немала смисла доколку го изгубиме контактот со граѓаните

November 4, 2020 12:33
in ВЕСТИ, ИНТЕРВЈУ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Дел од тимот на ЦИВИЛ Медиа имаше прилика да ја посети канцеларијата за средба со граѓаните, која неодамна ја отвори пратеникот Д-р Сашко Николов во Штип.

При посетата имавме прилика да разговараме со д-р Николов за важноста на редовната комуникација со граѓаните кои ги претставува во Собранието и за начинот на кој тој им го овозможува ова на граѓаните.

ЦИВИЛ Медиа: Колку време постои канцеларијата и од каде идејата за нејзино отварање?

Николов: Канцеларијата е отворена веќе околу 20 дена, а веднаш откако ја отворив за тоа беа известени граѓаните преку социјалните мрежи и од тогаш непречено функционира.

Ваков простор каде што ќе можам директно да комуницирам со граѓаните , беше потребно што побргу да се обезбеди, прво поради самата потреба која ја покажаа граѓаните со своите прашања на социјалните мрежи, телефонски повици и слично. Но, и на мене ми беше многу важно да бидам во директна и постојана комуникација со тие што ги претставувам во Собранието. Идејата е секогаш кога имаат потреба граѓаните да разговараат со мене, секогаш кога имаат одредени прашања, идеи, размислувања сугестии кои сакаат да ги пренесат преку мене, како некој кој ги претставува во Собранието, да ја имаат таа можност. Правото на граѓаните да влијаат врз донесување на законите и работата на Собранието, правото да бидат слушнати не завршува на денот на изборите. Нашата основна функција како пратеници би немала смисла доколку ние го изгубиме контактот со граѓаните. Затоа оваа канцеларија е отворена за сите граѓани од Штип и регионот.

ЦИВИЛ Медиа: Колку често сте присутен во канцеларијата и како граѓаните можат да стапат во контакт со вас?

Николов: Покрај моите обврски во Собранието и задолжителните комисии во кои сум член (здравствена и надворешна комисисија), во текот на работната недела сум присутен и во моето кардиолошко одделение каде продолжив да работам, како што и ветив во кампањата, за да ги лекувам сите оние на кои им е потребна мојата стручна кардиолошка помош.

Канцеларијата е отворена секој ден, во неа работи мој асистент кој врши прием на граѓаните, им стои на располагање за сите прашања и кој може да им помогне да закажат средба.  Јас таму сум присутен секој викенд, сабота и недела каде согласно протоколите за заштита и превенција од Ковид-19  се среќавам со граѓаните.

Покрај ова на социјалните мрежи се објавени и нашите телефонски броеви на кои граѓаните можат да не контактираат.ЦИВИЛ Медиа: Кои се најчести проблеми со кои се соочуваат граѓаните? Што најчесто бараат од вас?

Николов: Покрај тоа што граѓаните многу често како доктор од мене бараат здравствена консултација, исто така, доаѓаат со различни идеи и сугестии кои сакаат да бидат пренесени во Собранието, споделуваат искуства и бараат помош за институционални препреки при различни постапки, сакаат дополнително да се информираат за донесените законски решенија, да дадат поддршка или критика.

Не се изоставени ниту приватните проблеми со кои се соочуваат и за кои сакаат да поразговараат или да побараат помош. Често се случува да не знаат каде да се обратат за конкретен проблем, па заедно со асистентот ги насочуваме каде би требало да се обратат во конкретниот случај и што би требало да направат за решавање на истиот.

Понекогаш сакаат само да изразат поддршка и да поразговараат, како што кажав и да упатат критика, а за мене се особено значајни таквите разговори бидејки на тој начин најдобро се согледуваат потребите и размислувања на граѓаните.

ЦИВИЛ Медиа: Колку се запознаени граѓаните со улогата на пратеник во Собранието?

Николов: Искрено, од времето поминато со граѓаните, сум позитивно изненаден од  нивното познавање за тоа која е нашата улога во Собранието. Во канцеларијата доаѓаат граѓани кои точно знаат која е нашата функција во Собранието и се информирани за сите случувања во Собранието.

Се разбира, се среќавам со граѓани и кои не се до крај информирани за тоа која е улогата на пратеникот и што е во наша надлежност, но за тоа е и можноста да разговараат со мене и да разјасниме многу работи. А за прашања кои не се во моја надлежност, да ги информирам и да ги упатам на вистинското место.

д-р Сашко Николов, пратеник во Собранието

ЦИВИЛ Медиа: Колку од нивните барања стигнуваат во Собрание?

Секое барање кое ќе се пренесе во Собранието, мора да помине низ собраниските процедури и тоа троши доста време. Но, секако дека секоја сугестија, секоја идеја и размислување кои доаѓаат од сограѓаните до мене, ги евидентирам и се обидувам да ги претставам како барања и предлози кои ги одразуваат најдобро потребите на граѓаните.

Токму и поради оваа причина е отворена канцеларијата, да можам преку директен контакт остварен со граѓаните, преку релаксирани разговори да им овозможам да се чувствуваат слободно да ги изразат своите сугестии, идеи и размислувања. А, јас на тој начин да согледам најдобро кои се нивните потреби. Граѓаните од Штип и регионот знаат многу добро дека и како доктор и сега како пратеник јас сум постојано меѓу нив и со нив и дека во секое време можат да се обратат кај мене и тоа ќе остане така и понатаму, бидејќи ние сме овде за граѓаните.

*

Извршниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија вчера го утврди д-р Сашко Николов како кандидат за градоначалник на Штип, за предвремените локални избори, кои се предвидени за 13 декември.

Симона М. Живкова

фотографија: Б. Јордановска

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ