• Latest

Николовски: Финансиските истраги и конфискацијата на имот се клучни за борбата против високата корупција и организираниот криминал

July 21, 2021
Скриншот од видео на ВВС

Нова политичка реалност во САД: изборите во Њујорк покажуваат инклузивност и промена во политичката култура

November 5, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

Хоџиќ: Мамдани победи во битката за Њујорк, но му даде надеж на светот!

November 5, 2025

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025

До ДИК се поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 5, 2025

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Николовски: Финансиските истраги и конфискацијата на имот се клучни за борбата против високата корупција и организираниот криминал

July 21, 2021 15:01
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Новата Национална Стратегија потврдува, дека како Влада внимателно ги следиме забелешките на сите релевантни домашни и меѓународни организации, и веднаш реагираме со конкректни чекори, порача заменикот на претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски, на денешната промоција на „Националната Стратегија за зајакнување на капацитетите за финансиски истраги и конфискација на имот 2021-2023“.

Вицепремиерот Николовски изјави дека усвојувањето на оваа Стратегија е дел од активностите утврдени во владиниот План за борба против корупција, што ќе придонесе за зголемување на ефикасноста на кривичните истраги кои треба да резултираат со конфискација на имот и  противправна имотна корист.

„Конфискацијата на имот како мерка постои во нашето законодавство, но досегашните анализи покажуваат дека оваа мерка при криминалистичките истраги не се покажа доволно ефикасна. Причината  за ваквата примена се лоцира во повеќе фактори, како отсуство на електронска поврзаност на Јавното обвинителство со надлежните институции, недостиг на човечки ресурси, отсуство на координација помеѓу институциите, проценка на вредноста на имотот што привремено се одзема и друго“, рече вицепремиерот Николовски додавајќи дека тоа беше и причината за пристапување кон евалуација и надградување на постоечката Стратегија, овој пат дополнета со детално разработени Акциски планови подготвени од надлежните институции.

„Активностите кои се предвидени во новата национална Стратегија, ќе придонесат за надминување на проблемите во правната и институционалната рамка во однос на спроведување на финансиските истраги. Стратегијата предвидува потикнување на проактивноста на институциите вклучени во финансиските истраги, со што се овозможува водење на финансиска истрага паралелно со криминалистичката истрага. На овој начин се елиминираат ризиците од прикривање, распродажба или изнесување на противправно стекнатиот имот надвор од државата“, изјави вицепремиерот Николовски.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, ги презентираше надлежностите на МВР поврзани со активностите што произлегуваат од новата Национална Стратегија.

„Имплементацијата на наведената стратегија ќе придонесе кривичните истраги да резултираат со поголема конфискација на имот и имотна корист, со што ќе се зајакне и ефикасноста во борбата против организираниот криминал и корупцијата. Само со спроведување на меѓуресорски координирани финансиски истраги со цел идентификување и следење на приноси, имот и имотна корист во земјата или во странство, а кои ќе се спроведуваат паралелно со криминалистичката истрага, може да се обезбеди нивна подоцнежна конфискација“, рече министерот Спасовски.

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, Љубомир Јовески, посочи Стратегијата и Акцискиот план се важен исчекор во борбата против криминалот и се очекува да придонесат за зајакнување на координацијата помеѓу надлежните институции за водење на финансиските истраги.

Директорката на Управата за јавни приходи Лукаревска појасни дека УЈП како неопходен орган во алката на спроведувањето на финансиските истраги ќе биде дел од Националната комисија за следење на имплементацијата на Стратегијата и Акциските планови, како и дел од  мулти-агенциски тимови кои ќе вршат координирана заедничка работа на сложени предмети со претставници од повеќе институции координирани од ОЈО.

„За областа Платформа за интероперабилност, сертифицирање и развивање на веб сервиси – прилагодување на ИКТ Системите на институциите за примање на податоци од институциите од кои имаат потреба,  УЈП се наоѓа во процес на дигитализација и модернизација на ИТ системот и воспоставување на нов интегриран даночен информационен систем (ИДИС) .  Воспоставувањето на ВЕБ сервиси за цели на размена на податоци со трети страни е дел од новиот ИДИС и континуирано се зголемува степенот за размена на податоци преку Платформата за интероперабилност“, рече директорката Лукаревска.

Директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми, изјави дека Управата е доста активна во преземањето на дејствија во врска со финансиските истраги без оглед дали се работи за спроведени финансиски истраги по сопствена иницијатива, или по барање на надлежно Јавно обвинителство или други институции кои посочуваат постоење на основи на симневање за сторено кривично дело.

Новата Национална стратегија ќе се имплементира во следните две години.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ