• Latest

Николовски: Имунизацијата е клучна, се зголемува бројот на новопријавени за вакцинација

May 14, 2021
Фотографија: Колаж/АП

Шенжен: Трамп повика на дијалог, Си на соработка, Путин на заедничко решавање конфликти

November 19, 2026
Јана Коцевска (фото: ИМА)

Јана Коцевска: Родовото насилство е нормализирано, институциите не обезбедуваат вистинска заштита

November 19, 2026

Тврдењето на Сиљановска-Давкова падна при основна проверка на фактите: Уставниот „рекорд“ не постои

November 19, 2026
Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје (Wikipedia)

Скопје меѓу „шампон“ и ѓубре: Што велат 247 коментари за првата година на Орце Ѓорѓиевски?

November 19, 2026

Европска комисија предлага нови 45 милијарди евра за Украина во 2027 година

November 19, 2026

Правилното чување на тутунот е важно за зачувување на квалитетот пред откупот

November 19, 2026
Поморскиот сообраќај во Црното Море се соочува со зголемени безбедносни ризици. (Фото: Mosbatho / Wikimedia Commons, CC BY 4.0)

Два поморски инцидента за два дена во Црното Море, спасени 31 морнар

November 18, 2026
Гордана Сиљановска-Давкова гласа за вториот круг на претседателските избори во 2024. Фото: Toshe Ognjanov (VOA). Извор: Wikipedia

Сиљановска-Давкова и „рекордот“ во бројот на уставни измени: Тврдењето падна на проверката на фактите – статистиката во служба на националистичката реторика

November 18, 2026
Анти-владини протести, Братислава, 17 ноември 2026 (Фото: Скриншот од видео на APT News)

Словачка: Илјадници демонстранти протестираа против владата на Роберт Фицо

November 18, 2026
Беџ на АНБ (фото: Архива на Слободен печат)

АНБ и МВР разоткрија мрежа поврзана со Иран: Петмина уапсени поради сомневања за подготовка на атентат во Грција

November 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Николовски: Имунизацијата е клучна, се зголемува бројот на новопријавени за вакцинација

May 14, 2021 16:44
in ВЕСТИ, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

Имунизацијата е клучна за побрзо да стекнеме колективен имунитет и да ја оставиме оваа тешка здравствена криза зад нас. Само така, со заедничка одговорност придонесуваме кон колективното јавно здравје и само така побрзо ќе заврши оваа борба со пандемијата и со Ковид-19.  Да порачам – граѓаните да немаат дилема, сите вакцини што пристигнуваат и што дополнително ќе пристигнуваат се безбедни, проверени, тестирани и сите еднакво штитат од хоспитализација од тешки форми од болеста и од фатален исход.

Ова денеска го изјави вицепремиерот за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, кој ја прими првата доза од вакцината за заштита од корона вирусот.

-Затоа е важно на секој кој ќе му дојде редот за вакцинација, согласно националниот план за вакцинација и имунизација, да се вакцинира со вакцината која што во моментот е достапна. На овој начин со вакцинацијата ќе ја исполниме целта, ќе излеземе победници од оваа пандемија за веќе во летниот период да имаме висок степен и процент на имунизирано население, изјави Николовски пред вакциналниот пункт на спортската сала „Борис Трајковски“.

Според информациите од Министерството за здравство, како што рече, се зголемува бројот на новопријавени за вакцинација и тоа е многу добро.

-Ги повикувам сите граѓани кои досега не се пријавиле и не го направиле тоа, да се пријават за термин на вакцинација.мк, да ги почитуваат добиените термини, да се вакцинираат и со тоа да придонесат во справувањето со оваа битка. Но, секако вакцинацијата не значи и комплетно опуштање. Важно е и натаму се додека организмот не создаде имунитет да ги почитуваме мерките за лична заштита, носење на маска, растојание, не групирање во затворени простории, посочи Николовски.

Вицепремиерот Николовски изрази благодарност до медицинските лица на овој вакцинален пункт и на останатите низ целата држава, кои, како што рече, се заслужни и даваат се од себе за целиот процес на имунизација да тече беспрекорно и во ред. Ја нагласи нивната пожртвуваност за  заштитата, пред се, на јавното здравје во овој период на пандемија предизвикана од Ковид-19.

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ