Categories

ПОДДРШКА Нимиц: Овој историски договор ја отвора вратата за мир и безбедност на Балканот

Метју Нимиц, специјалниот претставник на Обединетите нации за спорот за името меѓу Грција и поранешната југословенска Република Македонија, ја објави следнава изјава:

“Ги поздравувам завршните чекори што ги спроведе Собранието на поранешната југословенска Република Македонија, за спроведување на Договорот од Преспа. Би сакал да им честитам на Собранието и на граѓаните на земјата за ова остварување и за демократскиот начин, со кој беше спроведен овој важен процес. Овој историски договор меѓу двете соседни земји ја отвора вратата за нови односи меѓу нив и за поцврста основа за мир и безбедност на Балканот. Со нетрпение го очекувам завршувањето на процесот како што е наведено во Договорот. Како и во минатото, Обединетите нации остануваат посветени на соработката со двете Страни за конечно решавање на разликата меѓу нив.”

Изјавата ја пренесоа и бројни грчки медиуми.

Д. Т.

image_pdf image_print
Print Friendly, PDF & Email