• Latest

Неисполнети ветувања: Граѓаните на Шуто Оризари ќе го чекаат базенот до следните избори!

January 30, 2017
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Неисполнети ветувања: Граѓаните на Шуто Оризари ќе го чекаат базенот до следните избори!

January 30, 2017 12:57
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Жителите на скопската општина Шуто Оризари ќе почекаат на предизборното ветување дека ќе се гради отворен пливачки базен, откако во дел од медиумите беше објавено дека Агенцијата за млади и спорт (АМС) го поништила тендерот за изведувач на градежните работи.

Наташа Смилевска од Агенцијата за млади и спорт, во телефонскиот разговор, за ЦИВИЛ Медиа, кратко одговори: „Не е баш така, дека нема да се гради базен во Шуто Оризари. Испратете ни и-мејл и ќе ви одговориме на прашањата“. Но, од петокот до денеска, нема никаков одговор на прашањето дали е навистина поништен тендерот за изградба на базен во Шуто Оризари?

Тендерот беше објавен десет дена пред предвремените парламентарни избори што се одржаа на 11-ти декември 2016 година. Проценетата вредност на проектот изнесуваше околу 730.000 илјади евра, додека рокот за реализација требаше да биде шест месеци од изборот на изведувач. Тендерската постапка беше отворена за сите компании од градежниот сектор до 23-ти декември 2016 година.

На 2-ри декември 2016 година, ЦИВИЛ Медиа објави текст за распишаниот тендер на АМС за изградба на базен во Шуто Оризари, во кој се потенцираше дека: „’Градителите’ 24/7, не се предаваат. Ја засипуваат јавноста со нереални ветувања – 24/7. Особено, ранливите и маргинализираните категории, социјално загрозените групи граѓани, како најголемиот дел од Ромите. Немаат исаф ‘преродбениците’, дури и кога ветувањата, како во случајот со ‘комбинираниот’ базен во Шуто Оризари се, најблаго речено, навредливи за жителите на оваа Општина, кои мака мачат како да скрпат крај со крај, како да преживеат…“

Пред речиси една година, на 15-ти февруари 2016-та, ЦИВИЛ Медиа ја објави колумната на Дехран Муратов, по тогашната најава за изградба на базен во Шуто Оризари.

„Оваа идеја би била добра, ако во Шутка нема хроничен недостаток на вода. Во летниот период, жителите на оваа Општина немаат вода ниту за пиење! Затоа, стои прашањето: Како ќе се наполнат базените што ги најави Груевски? Ќе се донесе вода со цистерни? Во перманетната предизборна кампања, редовно се ветува дури и невозможното. Па, така, и ветувањето за базените, може да држи вода. Но, на жителите во Шутка далеку побитна и попотребна им е водата. Онаа, за пиење, за туширање, за перење алишта и садови, вода за подготвување на ручек…“

Изборите завршија, и тендерот се поништи. Најверојатно повторно ќе се активира за време на изборната кампања за локалните избори…

 

Tags: АМСбазенветувањатендерШуто Оризари
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ