„Кај ЦИВИЛ-ите го почитувам тоа што се истрајни, си го сакаат својот град и својата држава, се борат против сè што мислат дека не е во ред,… По десет години, мило ми е што повторно можам преку ЦИВИЛ да придонесам, како граѓанка, како уметничка, како граѓанска новинарка, за било какви промени што може да се случат во нашиот град и нашата земја, Македонија“, вели Даниела Нисева, активистка, учесничка на работилница и на тренинг курс на ЦИВИЛ – Центар за слобода пред една деценија, која деновиве, повторно соработува со невладината организација која ја смета за своја.
„Мило ми е што ЦИВИЛ сè уште постои, сè уште работи, и што кај нас сè уште постојат и не се предаваат таквите организации како ЦИВИЛ. Мило ми е што сум повторно дел од сето тоа, на било кој начин, зашто ЦИВИЛ секогаш се борел за слобода, за слобода на изразување, за искажување на вистината…“ , потенцира Нисева.
Биљана Јорданова
Камера: Дехран Муратов