„Нема слобода, нема живот, ај врви си по патот!“, ни рече една резигнирана граѓанка на Тетово, кога ја прашавме што подразбира под слобода на изразувањето.
Тимот на ЦИВИЛ Медиа спроведе анкета за слободата на изразувањето меѓу граѓанките и граѓаните на Тетово. Анкетата се спроведува како дел од проектот „Од разбирање до одбрана“, посветен на различни аспекти на слободата на изразувањето и медиумските слободи во Република Македонија.
Интересни се согледувањата на анкетираните во Тетово. Очигледно е дека голем број не сакаат воопшто да одговараат на било какво прашање, а еден дел не разбираат што се подразбира под слобода на изразувањето, слобода на говор, медиумски слободи….
Десетина граѓанки и граѓани не сакаа да зборуваат пред камера, но во разговор со нив, дојдовме до заклучок дека, иако не ги разбираат тие поими целосно, нивен став е дека тие – не постојат.
Биљана Јордановска
Камера: Дехран Муратов
Монтажа: Ермин Климента
Овој проект е финансиран од Европската Унија преку програмата за мали грантови „Заштита на слободата на медиумите и слободата на изразување во Западен Балкан“ спроведена од Здружението на хрватските новинари, како дел од регионалниот проект „Регионална платформа на Западен Балкан за слобода на медиумите и безбедност на новинарите”, спроведена преку партнерство на шест регионални новинарски здруженија – Здружение на независни новинари на Србија, Здружение на новинари од Босна и Херцеговина, Здружение на новинари на Хрватска, Здружение на новинари на Косово, Здружение на новинари на Македонија и Синдикатот на медиуми на Црна Гора.