• Latest
Фото: Скриншот од видео на 360 степени

НМКаменот од блиску доаѓа

November 27, 2023
Фото: Rosneft.de

САД привремено ги ослободија од санкции подружниците на Роснефт во Германија

October 29, 2025

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Кампањата финализира со нови ветувања, поддршка за кандидати, додека победниците ги верифицираат мандатите

October 29, 2025
Фредерик Лејдквист, директор на Стокхолмскиот центар за источноевропски студии (SCEEUS) во Шведскиот институт за меѓународни односи. Фото: Stockholm Institute of Transition Economics (SITE)

Фредерик Лејдквист од Шведскиот институт за меѓународни односи: Студената војна сега би била најдоброто сценарио

October 29, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ: Руските хибридни операции во Северна Македонија

October 29, 2025
Војници на САД во базата на НАТО во Тапа-Естонија. Фото: Д. Мишев/Цивил

Романско МНР: САД планираат да намалат дел од трупите на источното крило на НАТО

October 29, 2025
Фото: МИА

ЕУ без консензус за Белорусија поради Унгарија

October 29, 2025
Руски извидувачки авион Ил-20 забележан од полските воздухопловни сили над Балтичкото Море на 28 октомври 2025 година. Фото: Оперативна команда на полските вооружени сили/X

Полски борбени авиони пресретнаа руски извидувачки авион над Балтичкото Море

October 29, 2025
фото: ВИ

Буџетот за 2026 под лупа: Фискална рамнотежа или нова зависност од кредити?

October 29, 2025

Директорот на Комунална хигиена поднесе оставка поради морални причини

October 29, 2025
Donald Trump, Xi Jinping
Source- Firstpost video screenshot

Разговорите на Трамп и Си би можеле да стават крај на месеците на глобален економски хаос

October 29, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

НМКаменот од блиску доаѓа

November 27, 2023 12:49
in МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Фото: Скриншот од видео на 360 степени

Фото: Скриншот од видео на 360 степени

Share on FacebookShare on Twitter

ДРАГАН МИШЕВ

Кратенката НМК (NMK), која според Преспанскиот договор е наменета исклучиво за регистарските таблички на возилата во земјава, веќе извесно време е стандард на патоказите во една соседна земја, која најголем процент од македонските граѓани ја сметаат за „најпријателска“, и негуваат особени симпатии кон нејзиниот претседател, кој во секоја прилика не пропушта да напомене дека односите со Северна Македонија се најдобри во историјата, а нејзините жители ги условува како „нашите браќа Македонци“.

Брат за брат, кратенка за пари… или за додворување на нашиот ( за нивна жал не и нивниот) јужен сосед, Грција.

Во видеото што го објави 360 степени, се забележува дека кратенката „НMK“ ја има насекаде по главниот патен коридор што ги поврзува Северна Македонија и Србија, иако не ѝ е таму местото.

Станува збор за автопат со должина од близу 400 километри на кој на десетина знаци, наместо меѓународно признаената кратенка „MK“, која треба да важи во патната сигнализација, стои кратенката „НMK“ предвидена само за возилата регистрирани во Северна Македонија.

Во одредбите од Преспанскиот договор стои дека: Кодот за земјата на регистарските таблички на возилата на Втората страна ќе биде НМ или НМК. За сите други намени, кодот на земјата останува да биде МК и МКД, како што е официјално определено од Меѓународната организација на стандардизација (ИСО).

За тоа како дошло до погрешното читање на Договорот од Преспа, но и кога тоа ќе биде исправено, од 360 степени се обратија до јавното претпријатие „Патишта на Србија“ (Путеви Србије), но одговорот изостана.

По реакцијата на македонското МНР до колегите од Србија за несоодветната употреба на меѓународниот код за земјава, од Белград објасниле дека станува збор за ненамерен пропуст кој ќе се коригира во најскоро време, целата работа не останала само на една реакција. Ново потсетување имало минатата недела.

Директорката на Директоратот за билатерални односи со државите од Југоисточна Европа, Јадранка Чаушевска-Димов, за 360 степени вели дека веднаш по ратификацијата на Договорот од Преспа испратиле известување за промените до сите држави членки на Обединетите нации, и до Србија, во меѓувреме, испратени се и дополнителни дописи.

„По добиените сознанија за несоодветна употреба на меѓународниот код на нашата држава, конкретно врз вертикалната патна сигнализација на автопатот Е-75 на релација Белград – Скопје, Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија веднаш по дипломатски пат реагираше до Министерството за надворешни работи на Република Србија за погрешната употреба на меѓународниот код. Оттаму добивме уверување дека станува збор за ненамерен пропуст на тамошните служби задолжени за поставување на патна сигнализација и, воедно, уверување дека истата ќе биде коригирана во најскоро време“,вели Чаушевска-Димов.

Македонските медиуми, ретко, речиси никогаш не се бават со оваа и слични теми доколку истите доаѓаат од соседна Србија. Така и за оваа појава нема реакција, ниту е преземена веста објавене на 360 степени, иако, изведенката „северномакедонски“ не е реткост во изјавите на српските политичари и медиумските изештаи во Србија.

Но затоа, кога станува збор за слични настапи од Европски лидери или медиуми, при употребата на изведенките „северномакедонци“ или „северномакедонски“, како изјавите на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и претседателот на Франција, Емануел Макрон, кои веднаш потоа се извинија за, како што рекоа, ненамерната грешка, македонските медиуми ја креваат тензијата до ниво на национална катастрофа.

Одредени медиуми дури се впуштија во лексички анализи на правописот а други земји при уптребата на додавката „Северна“ кон името на земјава, за да констатираат дека „Повеќе од очигледно е дека новиот „северномакедонски“ идентитет, за жал, станува реалност бидејќи сите го поврзуваат со новото име на државата, а овдешните официјални власти како веќе да кренаа раце и ретко, па дури и воопшто не реагираат на секојдневните „лапсуси“ или провокации коишто доаѓаат од страна.

Но, кога таа страна е Србија, реакцијата кај овие медиуми, се чини дека изостанува.

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: македонски медиумиНМКпатоказипреспански договорСрбија
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    135 shares
    Share 54 Tweet 34
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Арсовска шири лажни вести: Директорот на „Комунална хигиена“ сè уште е во притвор и не потпишувал „во срце и душа сум ВЛЕН“

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ