• Latest

НМСМ: Само 0,26% од буџетот на Агенцијата за млади и спорт е наменет за Секторот за млади!?

June 29, 2016

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

НМСМ: Само 0,26% од буџетот на Агенцијата за млади и спорт е наменет за Секторот за млади!?

June 29, 2016 14:50
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Од буџетот со кој располага Агенцијата за млади и спорт, за 2016-та година, само минимални 0, 26% се одвоени за Секторот за млади. Овој разочарувачки податок за младите во Македонија, е објавен преку инфографикот, подготвен од Националниот младински совет на Македонија (НМСМ).

граф

ЦИВИЛ Медиа, разговараше со Ивона Крстевска, генерален секретар на НМСМ, за тоа од каде ги добиле овие податоци, целта на нивното објавување и што тие значат. Особено, ако се знае дека според надлежностите, „Секторот за млади во Агенцијата врши работи кои се однесуваат на сферите на интерес и потребите на младата популација во земјата и признавањето на улогата на младите во развојот на Република Македонија…“

Според Крстевска, податоците се добиени од Агенцијата за млади и спорт, преку алатката за слободен пристап до информации од јавен карактер.

“НМСМ ваков тип на инфографици ќе објавува повеќе со различни податоци, со цел да се покрене свесноста дека е потребен поголем буџет за млади. Тоа се однесува на национално ниво, врз основа на сите институции… Генерално, малку пари се одвојуваат за млади”, вели Крстевска. Но во НМСМ во моментов немаат коментар за тоа што ваквото распределување на средствата од буџетот на Агенцијата значи за потребите на младата популација во Македонија.

10155916_10202325828981866_4703327229283604845_n
Ивона Крстевска

ЦИВИЛ Медиа, побара коментар и од Агенцијата за млади и спорт. Од Секторот за млади, не информираа дека буџетот со кој тие располагаат за 2016-та година, изнесувал три милиони денари. А, колкав процент од целиот буџет на Агенцијата е одвоен за млади, во Секторот не биле надлежни да соопштат.

ЦМ

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Агенција за млади и спортМакедонијамладиНМСМЦивил
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result