• Latest

Нов напад против столбовите на демократијата!

July 7, 2017

Трето продолжување на кризната состојба со нафтата: Северна Македонија останува зависна од увозот

October 19, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Од Париз и Тирана до Лисабон и Милано – протести, незадоволство и насилство на улиците

October 19, 2026
Кијив, 18-19 октомври 2026 (ДСНС)

Теророт на рускиот агресор продолжува: Ракети врз Кијив, дронови кон Лвив, а Путин би кроел „мир“ со Трамп и Си – за Украина без Украина

October 19, 2026

Изборна анализа на ЦИВИЛ: Брвеница го чека вториот круг – во трката останаа кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

October 19, 2026
Општина Брвеница

Радически со предност пред Јахиј: Брвеница оди во втор круг за избор на градоначалник

October 19, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Во утринско обраќање во живо, Рама тврди дека е спречен напад со експлозивен дрон, најавува нови полициски интервенции и одбива оставка

October 18, 2026
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Цвет од мигдал

October 18, 2026
Patxi Beltzaitz, Berria, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Нов напад против столбовите на демократијата!

July 7, 2017 15:46
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Последниот обид на ВМРО-ДПМНЕ за узурпирање на собраниската говорница, со формирање на 10 пратенички групи, е уште еден обид за манипулација со јавноста и блокирање на работата на законодавниот дом. Овој начин на практицирање на парламентарна демократија на оваа опозициска партија, предизвика бурни реакции и на социјалните мрежи и во експертската јавност. Според професорката Мирјана Најчевска, правен експерт, ВМРО-ДПМНЕ врши злоупотреба, меѓу другото, и на одредби од меѓународните документи, како Европската конвенција за човекови права и Универзалната декларација.

„Овие документи имаат по еден член во којшто децидно стои дека ниту една одредба од оваа конвенција не смее да биде употребена спротивно на она што претставува заштита на човековите права, односно спротивно на смислата на самата конвенција“, вели Најчевска за ЦИВИЛ Медиа.

„Овие документи имаат по еден член во којшто децидно стои дека ниту една одредба од оваа конвенција не смее да биде употребена спротивно на она што претставува заштита на човековите права, односно спротивно на смислата на самата конвенција“, вели Најчевска.

Д-р Мирјана Најчевска

„Очигледно е дека од ВМРО-ДПМНЕ не ја разбираат демократијата. Им пречи! И тие на секој начин се обидуваат да ги уништат, угушат или дезавуираат сите институции што претставуваат столбови на демократијата. Собранието, правосудниот систем, Уставниот суд, контролните механизми… Тоа се столбови на демократијата! Со секое свое дејствување, ВМРО-ДПМНЕ само ги дезавуира овие столбови на демократијата, обидувајќи се да изврши концентрирање на власта во партиските врхушки, коишто потоа би требало да се договараат на ниво на мафијашки семејства што си делат одредена територија на влијание“, додава професорката Најчевска.

Од позиција на правен експерт, Најчевска препорачува да се свика итна седница и да се даде официјално толкување на Деловникот.

„На таа седница треба да се објасни дали одредбата се однесува само на формирање пратенички групи составени од пратеници од една политичка партија или може, како што тоа го прави ВМРО-ДПМНЕ. Мислам дека во моментов, тоа е најелегантно решение. Колку и да трае расправата по една ваква точка, таа не може да биде таков голем проблем, како продолженото постоење на толкав број пратенички групи, коишто можат лесно да ја блокираат работата на Собранието“, оценува Најческа.

Моника Талеска

Tags: ВМРО-ДПМНЕдемократијаЕвропска конвенција за човекови правазлоупотребиМирјана Најческапратенички групиУниверзална декларација
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ