Во последните 24 часа се направени 776 тестирања, а регистрирани се 101 нов случај на ковид-19, Скопје 57, Куманово 13, Дебар 1, Штип 3, Тетово 19, Струга 1, Велес 1, Битола 2, Охрид 1, Гостивар 1, Ресен 2, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.
Починати се 5 лица, еден од Скопје, двајца пациенти од Куманово, еден пациент од Струга и еден од Гостивар. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 22 оздравени пациенти, Скопје 11, Тетово 10, Велес 1
Досега во земјата се направени вкупно 51.160 тестирања на Ковид -19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5106, бројката на оздравени пациенти е 1926, на починати е 238, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2942.












