Во последните 24 часа се направени 987 тестирања, а регистрирани се 87 нови случаи на ковид-19, соопшти министерот Венко Филипче.
По градови: Скопје 41, Куманово 12, Штип 16, Тетово 10, Струга 1, Охрид 2, Гостивар 1 и Пробиштип 4.
На Клиниката за кардиологија починал пациент од Куманово на возраст од 74 години, хоспитализиран пред 2 дена и потврден позитивен на оваа клиника.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 5 оздравени пациенти: Скопје 1, Прилеп 2 и Тетово 2.
Досега во земјата се направени вкупно 38014 тестирања на ковид -19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 80 теста се во рамките на скринингот во градинки во Скопје, нема позитивни резултати на ковид-19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3239, бројката на оздравени пациенти е 1658, на починати е 157, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1424.












