Обединета Македонска Дијаспора со нови докази укажува дека не е само секретарката на медијаторот Метју Нимиц причина за неговиот конфликт на интереси при решавање на спорот со името.
„Фирмата ‘General Atlantic’ каде што Метју Нимиц ја извршуваше функцијата главен оперативен директор во 2005 година инвестирала 127 милиони долари во данската банка ‘Saxo Bank’ која има своја банка-подружница во Грција – ‘Saxo Bank Hellas’“, стои во соопштението, посочувајќи дека ова е класичен пример на судир на интереси што ја доведува во прашање неговата независност и непристапност.
„Значи, не се само личните донации во знак на поддршка на носителот на грчката група на пријатели, конгресменката Каролин Малони и секретарката со грчко потекло, туку и своите бизниси треба да ги води надвор од Македонија и Грција. Минатата недела и самиот Нимиц призна дека неговата фирма инвестирала во ‘Saxo Bank’, но вели дека ‘не знаел дека банката има подружница во Грција’“, велат од ОМД.
Обединета Македонска Дијаспора јавно го прашува господинот Нимиц дали пријавил во Етичката канцеларија на ОН за ваквата инволвираност со една од земјите меѓу кои посредува, дали има личен интерес од посочената зделка и колку влијаат овие релации на неговото посредништво во решавање на спорот со името меѓу Грција и Македонија.
Б.Ј.