Закани за поставени бомби пристигнале утринава во неколку скопски училишта.
Дојави за бомби, според сознанијата, пристигнале во основните училишта „Љубен Лапе“ и „Браќа Миладиновци“, „Александар Македонски“ и „Лазо Ангеловски“ во населбите Аеродром и Ново Лисиче. Полицијата прави антитерористички проверки. Евакуирани се и учениците од гимназијата „Георги Димитров“.
Освен во средни и основни училишта, анонимни закани за поставени бомби nа почетокот на неделава имаше и во институции и трговски центри.