Четири училишта во Скопје утринава повторно добиле закана за поставени бомби во нивните објекти. Од МВР велат дека станува збор за училиштата „Јосип Броз Тито“, „Раде Јовчевски Корчагин“, „Никола Карев“ и „Орце Николов“.
„Денеска во СВР Скопје околу 9:30 часот е пријавено дека на електронската адреса на четири училишта во Скопје е упатена закана за поставена бомба. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, се вели во информацијата од Министерството за внатрешни работи.