• Latest

Новинарите на Коха добиваат закани од ВЛЕН, директорот Дулови со порака – „ќе им одговориме на кукавиците, ако треба, со законот на Канунот“

October 2, 2024
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026

ЦИВИЛ: Не молчете пред насилството и неправдата – пријавете, документирајте, барајте одговорност!

November 22, 2026

Бламажа

November 22, 2026

Алта банка: Мицкоски слави спас, граѓаните ги чекаат своите пари – кој ќе ја плати цената на аферата?

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ

Новинарите на Коха добиваат закани од ВЛЕН, директорот Дулови со порака – „ќе им одговориме на кукавиците, ако треба, со законот на Канунот“

October 2, 2024 13:07
in ВЕСТИ, МЕДИУМИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Еден од основачите на весникот Коха, Арбен Раткоцери во Фејсбук објава напиша: „За само 100 дена го изгубивме легитимитетот, го изгубивме јазикот, го загубивме пламенот (Струмица), ги загубивме книгите (балансите) и ја загубивме стратешката ориентација на коридорите, заменувајќи ја Албанија со Србија… и се друго на албански јазик, дојдов до крајот на деценијата! Аферим Ндришимовски (Aferim Ndryshimovski)“ пишува Раткоцери.

Исто така објава на Фејсбук имаше и другиот основач на весникот Коха, Лирим Дулови, кој напиша дека новинарите и колегите од весникот добиваат притисоци и закани од високи претставници на власта, конкретно од коалициониот партнер на ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН (ВРЕДИ).

Дулови вели дека весникот Коха годинава полни 18 години и дека овој проект го започнале двајца новинари, тој и неговиот колега Арбен Раткоцери, и до денес успеа да го зачува својот идентитет и независност во разбирањето на демократијата.

„Во текот на овие години се соочивме со различни предизвици и притисоци со цел да се задуши слободата на говорот и да се стави овој медиум под контрола. Ние и нашите колеги знаеме како ги надминавме овие притисоци, но најважно е што денес сме тука. Продолжуваме да го негуваме нашето слободно мислење кое се разликува од политиката на албанските партии, и во позиција и во опозицијата. Инаку, во минатото експонентите на поранешната опозиција слободно можеа да го искажат своето мислење како колумнисти во весникот Коха. Со години овде пишуваат Арбен Таравари, Зеќирија Ибрахими, Билал Касами и многу други, а денес се дел од коалицијата ВЛЕН која е дел од владата. Од нивните експоненти на власт дознаваме дека им дале наредба на своите подредени по секоја цена да „откријат“ какви било неправилности со цел да го затворат весникот „Коха“, директорот на весникот Коха, Лирим Дулови, на Фејсбук.

Тој додава дека некои од тие луѓе ги информираа дека се под постојан притисок од нивните шефови на ВЛЕН конечно да измислуваат каков било случај против нив.

„И сето тоа, само поради нашите критики за првите 100 дена од оваа владина коалиција. Паралелно со ова, некои лидери на ВЛЕН ангажираа насилници кои јавно и приватно испраќаа заканувачки пораки до весникот Коха“, додават Дулови.

Дулови вели дека нема да потклекнат кон оваа валкана војна, и дека ако треба ќе одговорат со законот на Канунот.

„Ја знаеме силата на моќта што се обидуваат да ја злоупотребат против нас, но треба да знаат и дека секој обид во оваа насока ќе го има вистинскиот одговор од нас. Се разбира, прво ќе ги искористиме сите институционални форми за да се соочиме со овој притисок врз весникот Коха, но ги потсетуваме овие кукавици дека на нивната валкана војна ќе одговориме, ако треба, со законот на Канунот.

Не ни е многу грижа за раката што може да ни наштети лично, без разлика дали тоа е некој колега или дури и некој член од нашето семејство. Нашиот одговор ќе биде до политичките лидери кои ги идентификувавме“, вели Дулови.

Денес, можеби овие кукавици се чувствуваат моќни затоа што со себе ја имаат моќта и криминалните банди, вели тој, но мора да сфатат дека ние не се плашиме од нив и да бидат сигурни дека нашата одмазда ќе ги достигне во една или друга форма.

Вработените во весникот „Коха“ ги информирале претставниците на меѓународниот фактор во земјава, за овие валкани обиди на власта, додека во наредните денови ќе бидат известени и здруженијата на новинари и медиуми во земјава и странство.

А. М.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ