• Latest
Фото: Д. Муратов/ЦИВИЛ

Новинарите не треба да размислуваат како политичарите

May 18, 2023

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026

По обвинувањата за изборна измама, Израел ги потврди резултатите и влегува во коалициски преговори

November 4, 2026
Фото; Unsplash

Масовни протести во Чешка против реформата на јавните медиуми: Илјадници граѓани бараат заштита на медиумската независност

November 4, 2026

ИНФОГРАФИК: „Блунами“ во САД – што донесе синиот бран и што е следно за Трамп и светот

November 4, 2026

Син бран ја менува Америка: Демократите го освоија Конгресот, Трамп ја губи политичката доминација во Вашингтон

November 4, 2026

Проширувањето на ЕУ забрзува, Северна Македонија ризикува да остане на маргините

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ

Новинарите не треба да размислуваат како политичарите

„Новинар кој не ја витка кичмата и има интегритет може да се спротивстави на политичките притисоци“, вели Антоновски од МИА.

May 18, 2023 15:41
in ВЕСТИ, МЕДИУМИ, ТОП 5
Фото: Д. Муратов/ЦИВИЛ

Фото: Д. Муратов/ЦИВИЛ

Share on FacebookShare on Twitter

Северна Македонија е рангирана на 38. место од вкупно 180 земји во светот според Глобалниот индекс за слободата на медиумите на „Репортери без граници“, меѓутоа медиумите во Македонија беа најдобро рангирани за време на владеењето на Груевски, односно во 2009 година, кога земјата била на респектабилното 34-то место. Но, денешната состојба не треба да ни даде за право да си свиркаме дека се е во ред и да не преземеме ништо за подобрување на слободата на медиумите, вели Младен Чадиковски, претседател на Здружението на новинарите на Македонија, на панел дискусијата организирана од Институтот за медиуми и аналитика ИМА, насловена: „Слободата на медиумите наспроти политичките притисоци и пропаганда, дезинформациите и говорот на омраза: Како понатаму?“.

Тој додаде дека не смееме да дозволиме од релативна слобода да преминеме во релативна неслобода.

„Медиумите се под силни политички и бизнис влијанија. Ако сакаме да имаме независно новинарство треба да имаме и финансиска независност“, рече Чадиковски.

Тој истакна дека слободата тешко ја стекнавме, но може лесно да ја изгубиме ако не се бориме за своите права и слободи.

Генерален директор на Медиумската информативна агенција (МИА), Драган Антоновски, вели дека во неговото 25 годинишно новинарско искуство отсекогаш имало политички притисоци, и дека само новинар со интегритет може да се спотистави на тие притисоци.

„Новинар кој не ја витка кичмата и има интегритет може да се спротивстави на политичките притисоци“, вели тој.

Тој додава дека медиумскиот простор е узурпиран од непрофесионалните новинари.

„Медиумска писменост треба и кај тие што ја продуцираат веста“, вели тој.

Тој додаде и дека има две структури кои ја креираат „вистината“, едните шират невистини преку партиските говорници, соопштенија, прес-конференции, додека другите ја демантираат таа дезинформација.

Уредничката на вести во Националната телевизија АЛСАТ М, Арта Тахири, вели дека начелно политичарите ја подржуваат слободата на медиумите, но во реалноста не е така.

„Политичарите се добри и транспарентни се додека не им се постават тешки прашања. На молчлив начин бојкотираат одредени медиуми или новинари“, рече таа.

Тахири нагласи дека новинарите мора да престанат да размислуваат како политичарите.

„Политиката е иста, ама новинарите не се исти“, заклучи Тахири.

Атанас Кировски, новинар, поранешен директор и главен уредник на ТВ Телма и дописник на Би-би-си, истакна дека слободата не е можна ако нема финансиски независни медиуми.

„Маркетинг агенциите парите ги насочуваат кон дигиталните медиуми… Слободата на социјалните медиуми стана нашата неслобода. Таму се објавуваат дискредитации, говор на омраза, навреди…“, рече Кировски.

Тој додаде и дека одредени центри на моќ свесно шират дезинформации бидејќи на тој начин добиваат профит (пари).

„Свесни шират лаги и знаат дека ќе треба да платат казна, ако проценката е дека ќе добијат поголема заработка“, вели тој.

Тахири додаде дека и самите политички партии имаат свои портали кои шират дезинформации.

„Мора секоја редакција да има посебен одел за проверувачи на факти“, вели таа.

Чадиковски нагласи дека секој новинар мора да е верификувач на факти, односно не смее да објави вест додека не ги провери информациите. Тој додаде дека е против забрана и укинување на социјалните мрежи (Тик-ток и други) бидејќи на тој начин нема да се забранат дезинформациите.

Текст, фото и видео: Дехран Муратов
монтажа: Ариан Мехмети

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ