• Latest

 Новиот ветар од Калето

November 19, 2022
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ПО ДОПРЕН ГЛАС

 Новиот ветар од Калето

Новата македонска надеж е во Анџела Агелер. Во нејзината енергична посветеност да помогне да се справиме со овдешните моќници олицетворени во мангупите во политиката, правосудството, бизнисот и со нивните корумпирани пајташи распослани по партизираните македонски институции.

November 19, 2022 12:31
in ПО ДОПРЕН ГЛАС, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЗОРАН ИВАНОВ

Задува ново ветре откај Калето. Не толку одамна го испудивме Прибе, на Бејли мандатот му заврши но еве нова извесност за македонската сегашност и за нашата блиска иднина. Новото лице се вика Анџела Агелер. Новата американска амбасадорка во Република Северна Македонија.

Можеме да негираме, можеме да игнорираме колку што сакаме но фактите говорат дека странците, многу повеќе од нашите политичко партиски елити, се грижат за нашата држава. Најнакусо, нај елементарната констатација би била дека доколку не ни се плеткаат странците во нашиве овдешни ендемски ујдурми, доколку меѓународниот фактор не ни е инволвиран во нашето политичко секојдневие, државава одамна ќе ни отидеше јабана.

На времето така беше со ООН кога доколку на кревката, на новата држава, на новиот меѓународен државен субјектне како фиром, нефиром, сеедно, токму под влијание и  сугестии на странските добронамерни дипломати, а наспроти мимикричните колебања на овдешните партиски популисти и квазипатриоти, сепак тогашното државно водство се одважи и државата ни стана дел од современиот свет институционално етаблирана во меѓународната заедница.

Така беше и со грчката економска блокада, пак странците. Така беше и со рамковниот, пак тие. Така и со пржинските еден и два, и со пржинскиот дваипол. Така и со преспанскиот и со НАТО. Така се случи и сега со францускиот. Пак странски пријатели не`поттурна на ЕУ патот.

Пак меѓународната, пак онаа добронамерната на која често и со право сме и лути поради некои нејзини стратегиски и геосратегиски интереси и поради некои нејзини дневни себичности што кај нас не ретко го нагрдуваат чувството за неа. Па, сепак, како и да завртиш, секогаш кога ние овде ќе се заплеткаме во некаков наш овдешен етнички или криминоген проблем, кога ќе се запизмиме меѓусебе и кога политичката корупција и локалната мафија ќе се здружат и кога мамето и`го расплачуваат на државата, кога кај партиските водства ќе надвладеат племенските судири за пленот наречен државен буџет и кога и судството ќе се заплетка во коруптивни зделки со македонската олигарска мафија, кога на државава и се заканува целосна институционална блокада и тогаш пак странците. Пак тие како празна кофа ќе не`извлекуваат од дното на нашиот пресушен бунар.

Цели три децении самостојна Македпнија талка од проблем во проблем, од криза во криза, од конфликт во конфлит за конечно периодов да стапнеме на европскиот пат. Колку долго простум ќе дремеме на него без да го направиме првиот чекор, пак зависи од странците. Од посветеноста на меѓународната и натаму да ги совладува овдешните пубертетски меѓупартиски инаети,  да го подзамете одронот на нашиот европски пат сега олицетворен во водството на најголемата опозициска политичка партија и наспроти партиските инаети, како и досега да продолжи да не`туркаат во прогрес.

Со надеж за таква мисија во одаите на Калето се всели новата американска амбасадорка. Русата Агелер дојде во Скопје со папката акти потпишани од нејзиниот претседател во кои има непополнети места на црната листа и декрети за мафиите и за политичките корупции. Веќе на првиот нејзин јавен настап падна и првата „пресуда“ за мистериозниот избор на новиот шеф на обвинителството за организиран криминал.

Па ако по утрото денот се познава, галиба бргу ќе почнат да се „тркалаат“ зовриени политички глави. Америкнката најави дека во Република Северна Македонија е дојдена во добронамерна дипломатска мисија. Да им помогне на македонските прогресивни сили да ги скротат партиските популистички зезанции, да ја маргинализираат корупцијата, да го потсредат правосудството, да го по демократизираат општеството.

Патем, таа не заборави да потсети и дека во изминативе три децении нејзината САД во нашата Македонија вложила милиони долари за унапредување на демократијата, човековите права, судството, безбедноста, владеење на правото, јакнење на институциите и дека стасало времето за отчет за ефектите од инвестирањето.

Новата македонска надеж е во Анџела Агелер. Во нејзината енергична посветеност да помогне да се справиме со овдешните моќници олицетворени во мангупите во политиката, правосудството, бизнисот и со нивните корумпирани пајташи распослани по партизираните македпнски институции.

Дисциплинирањето почнува со новиот ветер од Калето.


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.
Tags: амбасада на САДАнџела АгелердипломатијаКале
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ