• Latest

Нухиу: Враќање назад нема, секој ќе одговара за своите постапки!

May 3, 2017

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија: Младите бараат образование, правда и политичка одговорност

October 17, 2026
Рововска политика пред отворените порти на ЕУ

Во маѓепсаниот круг на европските интеграции: Мицкоски тврди дека сме „пред сите“, а земјата назадува

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Војната во сенка ескалира: Мета се системите што ја одржуваат Украина

October 16, 2026
Фото: Скриншот / Х

Пропадна енергетското примирје: Трамп го обвинува Кијив, ЕУ го засилува притисокот врз Москва

October 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Можело и пристојно

October 16, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Жестоки протести во Тирана: Рама одбива оставка, ЕУ повикува на дијалог

October 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Нухиу: Враќање назад нема, секој ќе одговара за своите постапки!

May 3, 2017 15:01
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Горанчо Савовски, државен советник во Бирото за јавна безбедност е именуван за нов координар на Оперативниот штаб во МВР, на местото на Митко Чавков, којшто, со предлог на министерот Агим Нухиу до Владата, треба да биде разрешен и од функцијата, директор на БЈБ! На ваков чекор, министерот Нухиу се одлучи по настаните од минатиот четврток, откако се утврдени бројни факти дека дел од структурите на МВР се инволвирани во крвавите насилства врз пратениците од парламентарното мнозинство и во атакот врз највисокиот законодавен дом на Република Македонија.


„Ова што се случи во четвртокот во Собранието е големо зло. За да ја поправиме оваа штета, ќе биде потребно долго време и ангажман, не само од сите служби на МВР, туку и од другите институции, како Јавното обвинителство и судството. Ги повикувам и охрабрувам вработените во МВР, сите да бидеме еден покрај друг и професионално да продолжат да си ја вршат работата. На МВР му се потребни професионалци, коишто во иднина ќе бидат столб на оваа институција“, порача министерот Нухиу на денешната прес -конференција во МВР.


Министерот Нухиу, како што рече, формирал работна група, составена од професионалци во МВР, со задача да утври дали Оперативниот штаб и организационите единици во МВР, постапувале согласно утврдените процедури пропишани во МВР, за направени пропусти, пречекорувања на овластувањата или неизвршување на работните задачи и обврски.
„Заклучоците од извештајот на работната група ќе бидат дел од известувањето до Јавното обвинителство за натамошно постапување за работата на Оперативниот штаб. Ги повикувам сите вработени во МВР, да се вклучат активно и да доставуваат службени материјали за настаните во Собранието од минатиот четврток. Враќање назад нема! Работите мора да се расчистат до крај и секој ќе одговара за своите постапки“, рече Нухиу.
Тој посочи на улогата на објективните, професионални медуми во процесот на информирање на јавноста за настаните од минатиот четврток.
„Сакам да изразам благодарност за медиумите и надеж дека со своето професионално известување ќе продолжат да го даваат својот придонес за демократијата во Република Македонија“, рече Нухиу на денешната прес-конференција.
По крвавите настани минатиот четврток, министерот најави своја оставка како морален чин, поради затајување на работата на МВР. Тој прстот го впери кон Чавков, кој како што рече, и како кординатор на Оперативниот штаб на МВР, формиран веднаш по почетокот на протестите на „За заедничка Македонија“ и како директор на БЈБ, не одговарал на неговите телефонски повици, ниту бил на работно место еден час од почеток на насилството врз пратениците и вандализмот во Собранието.

Нухиу вети дека пред својата оставка, ќе овозможи мирен трансфер на старата и новата влада.

Моника Талеска

Tags: „За заедничка Македонија“Агим НухиуБЈБГоранчо СавовскиМВРМитко ЧавковНикола ГруевскиОперативен штаб
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ