• Latest

Нуредини: 2023 година ќе биде година на можности за животната средина

January 30, 2023
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Лудост или заебавање

September 20, 2026

Оружје, принуда и заплашување – составни делови на рускиот изборен процес

September 19, 2026
Ова е Хан Соло Џуниор (илустрација: ChatGPT/OpenAI - FRONTLINE.MK)

„Куршлус“ на FRONTLINE: Сатира за времиња во кои реалноста ја надминува шегата

September 19, 2026
Христијан Мицкоски,   Вашингтон, 19 септември 2026 (фото извор: ФБ профил на Христијан Мицкоски)

Мицкоски од Вашингтон: Повторно големи инвестициски планови и проекти, прашањето за бугарската заедница останува без решение

September 19, 2026
Гласачко место на руските парламентарни избори, септември 2026 (фото извор: KYIV POST)

Избори на по теркот на Путин: Забранета опозиција, притисоци врз гласачи и сомнително електронско гласање

September 19, 2026
Приштина, 18 септември 2026 (фото: LIRIA KA EMËR)

Илјадници протестираа во Приштина против пресудата за поранешните лидери на Ослободителната војска на Косово

September 18, 2026
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Фон дер Лајен на турнеја низ Западен Балкан: Тирана, Приштина, Подгорица и Скопје сега, а Белград и Сараево по изборите

September 18, 2026

Србија протера истражувач за слобода на медиумите: Меѓународните организации алармираат

September 18, 2026

СВЕТОТ ДЕНЕСКА: Ескалација на Блискиот Исток, жестоки битки во Украина и климатски катастрофи во Европа

September 18, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Единаесеттиот човек

September 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕН ЦИВИЛ

Нуредини: 2023 година ќе биде година на можности за животната средина

January 30, 2023 17:59
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕН ЦИВИЛ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини учествуваше на панелот „Капитални и инфраструктурни проекти за подобар квалитет на живот и развој на културата во услови на криза“ што се одржа денеска во рамки на дводневната годишна конференција на Владата насловена „Година на нови можности”.

Во обраќањето Нуредини истакна дека 2022 година, беше година на големи проекти во животната средина што ќе остават белег на оваа земја, споменувајќи го пред се чистењето и транспортирањето на линданот и неговите изомери од малата депонија во Охис што со години тлееше како рак- рана во урбано подрачје во главниот град, потоа зголемување на територијата на заштитени подрачја во државата на 13.9%, како и виден напредок во проектирањето и реализација на големи инфраструктурни проекти во областа на водите и отпадот. Министерот Нуредини во продолжение најави силна инфраструктурна активност и во претстојанта година во областа на животната средина.

Претстојната 2023 година, ја сметам за година на можности за животната средина, бидејќи навистина многу работевме во претходниот период и ги обезбедиме сите потребни услови за реализација на многу сериозни капитални инфраструктурни проекти со кои ќе овозможиме секое населено место да има чиста вода за пиење и ќе има соодветен систем за управување со отпад. Вложуваме во основна инфраструктура во општините и во подобра иднина за граѓаните, истакна министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини во своето обраќање.

Нотирани се следните инфраструктурни проекти како клучни:

– Пречистителна станица за отпадни води за Град Скопје, за чија изградба се обезбедени 126 милиони евра со заем од Европската Инвестициона Банка и грант средства во висина од 70 милиони евра од WBID, за што е очекувано потпишување на договорите во тек на февруари/март годинава;

– Над 110 милиони евра обезбедени од ИПА II Секторска оперативна програма за животна средина и климатска акција се наменети за реализацијата на проектите: Рехабилитација и проширување на канализациска мрежа во општина Кичево – Договорот за градежни работи е во процедура на потпишување и се очекува во најскоро време отпочнување на изведбените работи; Изградба на пречистителна станица за отпадни води за општина Битола, за што кон средината на 2023 година е предвидено потпишување на договорите; Пречистителна станица за отпадни води за општина Тетово со рехабилитација и проширување на канализационата мрежа;

Во рамки на ИПА 3, Акциска програма 2022, планирани се:

– Рехабилитација/проширување на канализациска мрежа и изградба на станица за пречистување на отпадни води во Велес и во Штип, и поврзување на градот Виница и околните села со ПСОВ Кочани.

– Од Буџетот на МЖСПП за 2023 година за Управување и заштита на водите обезбедени се 203 милиони денари, а за проекти со кои ќе им се помогне на општините во поставување на системи за третман на отпадните води нешто над 252 милиони денари

– Програмата за води обезбедува 40 милиони денари,

– Програмата за инвестиции во животната средина 230 милиони денари,

– Новата Програма за посебни текови на отпад 120 милиони денари

– Заем во висина од 50 милиони евра од Европската Инвестициона Банка (ЕИБ) со што се обезбедува помош не само за големите, туку и за најмалите општини за изградба на водоводни мрежи, одведување и прочистување на отпадни води

– 55 милиони евра заем од ЕБРД за воспоставување на систем на одржливо управување со отпад за сите плански региони.

Притоа, Нуредини нагласи дека за постигнување на висок степен на реализација на посочените проекти е потребен и соодветен капацитет на општините, бидејќи во крајна линија тие се имплементатори на проектите.

Министерството за животна средина и просторно планирање било и ќе биде отворено за сооработка, финансиска и логистичка поддршка на локалните самоуправи како и најмалите општини би имале пристап до обезбедените средства и би биле подготвени максимално да ги искористат понудените можности, порача министерот пред присутните на панелот.

Tags: 2023 годинаживотна срединаНурединипроекти
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ