• Latest

Нуредини: Обновливите извори на енергија во фокусот на Владата

April 20, 2022

„Храброст“

November 29, 2026

АФЕРА АЛТА БАНКА | ПЛАНОТ НА БРАЌАТА МАЦУРА: Брза пенетрација во македонското економско ткиво

November 29, 2026

Како лагата добива изглед на вистина – што е перење пропаганда? (ИНФОГРАФИК)

November 28, 2026

Ден на сеќавање на жртвите на Гладоморот: Историјата на злосторството и враќањето на вистината

November 28, 2026
Вонреден Самит во Брисел 26-27 ноември 2026
(Фото: Европска Унија)

Без договор за буџетот на ЕУ до 2034 година, преговорите продолжуваат во декември

November 27, 2026
Фотографија: Преземено од Pexels

„Ниту една повеќе“: Протестите против фемицидот не се простор за партиска промоција

November 27, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Албанските студенти влегуваат во политиката со иницијатива за нова партија „Обединети за Албанија“

November 27, 2026
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Моќни пораки од обележувањето на Денот на достоинството и слободата: Украина – силна и слободна

November 26, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ ТЕМИ

Нуредини: Обновливите извори на енергија во фокусот на Владата

April 20, 2022 14:07
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА & БИЗНИС, ЗЕЛЕНИ ТЕМИ
Share on FacebookShare on Twitter

 Фокусот на оваа Влада е насочен кон обновливи извори енергија, вклучително кон искористување на соларната енергија, рече министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, на денешниот форум во Скопје „Наше сонце, наша енергија, наши инвестиции“, чиј фокус е на можностите за инвестиции во соларна енергија во урбанизираниот простор, како и постапките и предизвиците во процесот на инвестирање во фотоволтаична централа наменета за продажба на електрична енергија, пренесува МИА.

На форумот, како што соопшти Министерство за животна средина и просторно планирање, дискутираа претставници на државни институции со претставниците на бизнис заедницата за постапките и предизвиците во процесот на инвестирање во фотоволтаични централи за продажба на електрична енергија.

Нуредини нагласи дека скратувањето на целиот процес за обезбедување на потребна документација, градба и ставање во функција на инсталацијата е главниот предизвик и за институциите и за инвеститорите.

Тој кажа дека Северна Македонија како држава-кандидат за членство во Европската Унија вложи напори за интергирање на енергетските и климатските политики и усвои низа документи со кои се препозна потребата од обезбедување енергетска сигурност при одржливи, еколошки прифатливи услови и со цени кои не го забавуваат економскиот развој и кои не го загрозуваат животниот стандард на граѓаните.

Според него, енергетската сигурност не може да се разгледува без да се земат  предвид долгорочните сценарија од промените на климата и нашата определба кон зелената агенда.

– Знаејќи го влијанието на климатските промени врз водните ресурси,  со политиките на оваа Влада фокусот се насочи кон соларната енергија со која изобилуваме. Овие мерки се проектирани во националните енергетски стратегии, интергираниот план за енергија и клима, како и во Националнот придонес кон Договорот од Париз и Долгорочната Стратегија за климатска акција со акциски план, каде се обврзавме и на редукција на емисиите на стакленички гасови кон меѓународната заедница, рече Нуредини.

На настанот беше презентирана Државната програма за поддршка на инвестиции во соларна енергија и чекорите за добивање на неопходните дозволи, беше објаснет процесот на градење на фотоволтаични централи, соодветната технологија и искуствата на пазарот, а беше разгледана и постапката за добивање на лиценца за производство и продажба на електрична енергија од обновливи извори и алтернативите за продажба на електричната енергија на слободниот пазар.

На форумот учествуваа и претставници од министерствата за eкономија, и за транспорт и врски, како и од компании заинтересирани за вклучување во програми и проекти за производство на енергија од обновливи извори.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ