• Latest

Обид за рушење на власта со оркестрирана кампања против МВР

June 21, 2022

Српските студенти ја прекинаа блокадата на Јавниот радиодифузен сервис откако ја освоија концесијата

November 12, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (6): Над 20 починати лица фигурираат на Избирачкиот список на едно избирачко место

November 12, 2025
Israeli settlers set fire on a Palestinian warehouse
Source: Screenshot Al-Jazeera

Израелски доселеници запалија палестински магацин и земјиште додека нападите на Западниот Брег се зголемуваат

November 12, 2025
Креирано со помош на ВИ

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (5): Општа караница на ИМ помеѓу партиските набљудувачи и ИО, за тоа кој пријавил наводен инцидент

November 12, 2025
Фптп: Скриншот од видео на ВВС

Трамп напиша писмо во кое бара од израелскиот претседател да го помилува Нетанјаху во судењето за корупција

November 12, 2025
Фото: веб страна на украинскиот претседател

Зеленски бара разрешување на министрите за правда и енергетика на Украина

November 12, 2025
Илустрација ВИ

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (4): Недостапни избирачки места – правото на глас заглавено на втор кат

November 12, 2025
Фотографија: UNOPS South East Europe - Platform X

Конференција Western Balkans 2030: Потребни се десетици милијарди евра за да се прилагоди регионот на климатските промени

November 12, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (3): ИО не дозволил да гласа граѓанин кој го имало при проверка со фингрпринт, но го немало во Избирачкиот список, иако во првиот круг му дозволиле

November 12, 2025
Илустрација. ВИ

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (2): „Ние знаеме што правиме“ – избирачките одбори пречка во работата на набљудувачите на ЦИВИЛ

November 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ПРОПАГАНДА

Обид за рушење на власта со оркестрирана кампања против МВР

June 21, 2022 13:40
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ПРОПАГАНДА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во изминатиов период, оркестрирано се објавуваа(т) видеа од безбедносни камери, аматерски снимки, или Фејсбук/Твитер објави на одредени лица, прво на социјалните мрежи, особено на Твитер, а потоа и на медиуми блиски до опозицијата, со цел да се дезинформира јавноста и да ги доведуваат во заблуда граѓаните на Република Северна Македонија.

Последно такво пропагандно видео е објавено на 30 мај од Твитер профилот „Гледачот“ во кое пишува дека наводно лица блиски до владејачката партија (СДСМ) за време на избори тепаат човек среде бел ден во Прилеп.

Ова видео го споделиле неколку портали, но исто така е објавено и во емисијата „Заспиј ако можеш“ на ТВ Алфа, пришто водителот Горан Момироски вели дека „пред две недели 15 лица блиски до една партија крвчички претепаа човек, а минисерот за внатрешни работи Оливер Спасовски не презема ништо“.

Министерството за внатрешни работи категорично и целосно ги демантира дезинформациите објавени и споделени од страна на порталите Експрес, Курир, Нетпрес, Република… со сензационалистички наслови: „Предупредување, сцени на насилство, партиски активист со банда претепува човек – Спасовски молчи“, „Крвнички претепан прилепчанец среде бел ден: Напаѓачите активисти на СДСМ кои купувале гласови – од МВР не реагираат!“, „Сред бел ден, маж крвнички претепан во Прилеп“, „Среде бел ден, маж крвнички претепан во Прилеп“ и сл.

„Прво, видеото објавено со вчерашен датум, 30.05.2022, потекнува од кривично – правен настан „Насилство“ извршен на  17.04.2022 во Прилеп. Делото е извршено врз две лица од Прилеп, а не врз едно како што е наведено во текстот, едниот на 49-годишна, другиот на 52-годишна возраст, додека биле на работно место во ЈЗУ Општа болница Прилеп, кои биле физички нападнати од Д.А.(36), П.А.(32), Е.Д.(29) и З.Ј.(38).

Второ, овој кривично-правен настан е целосно расчистен, а на четирите лица кои го извршиле, по што се лишени од слобода, од страна на судија на претходна постапка им е одредена мерка притвор и од страна на СВР Битола – ОВР Прилеп по итна постапка им е поднесена кривична пријава за стореното кривично дело.

Трето, како што може да се види од податоците, ниту еден од кривично-пријавените лица не е лицето кое се споменува во објавата на Твитер, која е составен дел на текстот, што е уште една во низата манипулации објавени во интегралниот текст на порталот“, велат од МВР.

Ова се фактите, а сѐ друго се инсинуации и тенденциозно пласирање на лажни вести, кои имаат крајна цел само да наштетат, не само на институцијата, туку да нанесат штета на  работењето на полицијата како гарант на редот, безбедноста и владеењето на законите. МВР продолжува со интензивни мерки и активности за санкционирање на прекршителите на законите и со засилено темпо ќе работи на заштита на законитоста, како квалитетен сервис во интерес на сите наши граѓани.

Еден ден претходно, (на 29 мај), на Фејсбук групата „Слобода за Јане Ченто“ е објавено видео кое има над 100 споделувања и повеќе од 80 коментари во кое се гледа дека има масовна тепачка пред дискотека во Прилеп. Меѓу другото во објавата се вели: „Јасно ви е колку доверба има народот во институциите на државата? Јасно ви е дека ние немаме систем кој може да спроведува ред и мир“.

Иако целта на објавата е да се разниша довербата во институциите, особено во МВР, сепак во видеото се гледа дека полицијата реагира брзо и ги приведува учесниците во тепачката.

Со изнесувањето на овие лажни вести, дел од медиумите и партиски ботови на социјалните мрежи ја дезинформираат јавноста и ги доведуваат граѓаните во заблуда. Дел од граѓаните бараат од МВР да не демантира туку да реагира на ваквите тенденциозни објави.

Неколку дена пред најавениот протест на ВМРО-ДПМНЕ, на неколку профили на социјланите мрежи, меѓу кои и фејсбук групата „Скандал“ објавија дека МВР и Спасовски се обидуваат да сокријат две убиства, и поради тоа ги повикуваа(т) граѓаните на протест на 18 јуни.

Од Судска медицина велат дека Јавното обвинителството, Струмица, наместо да ги слуша вештаците, се потпра врз информации добиени од лекар на кој не му е работа обдукцијата, регираат од институцијата за случајот со смртта на струмичанецот Јован Витанов. Исто така нејасно е и зошто ОЈО Струмица избрза со информацијата дека се работи за убиство додека сè уште не ни била започната обдукцијата ниту пак истражени причините за смртта на 26 годишното момче.

Во Институтот за судска медицина во тек се токсиколошките испитувања на земениот биолошки материјал. Кога ќе ги добијат резултатите од токсиколошките испитувања надлежниот обвинител ќе биде известен за причината за смртта.

Ваквите „кампањски“ објави имаат за цел да се разниша довербата во институциите и власта, граѓаните да не се чувствуваат сигурно и безбедно, а од сето ова одредени центри на моќ да имаат профит (особено политички).

Мониторинг тим на ЦИВИЛ 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ