Објавена е прва видео и аудио снимка каде двајца обвинети од скандалот “Рекет” се гледаат како ги земаат парите од осомничениот во случајот „Империја“, Јордан Камчев, и излегуваат од неговиот дом. На снимката објавена од италијанската “Ла Верита” се гледа како Бојан Јовановски и Зоран Милески Кичеец излегуваат со торба полна со пари од куќата на бизнисменот Камчев.
На крајот е објавен и еден аудио разговор во кој Јовановски се слуша како му ветува на Камчев дека “во понеделник, или најдоцна во вторник ќе биде ослободен”.
А. Зеќири