Тема на првата сесија од конференцијата за човекови права, правда и антикорупција „Следна станица: Европа“ што се одржа на 10 декември, Меѓународен ден за човекови права, беше правдата и владеењето на правото. Учесници беа Министерот за правда, Бојан Маричиќ, универзитетскиот професор Александар Спасов, а модератор Џабир Дерала, ЦИВИЛ.
Состојбите во правосудството, стратегијата за прочистување, реформите, дали има остатоци од Сваровски судството, дали (ќе) има правда во нашата земја, дали македонските институции имаат капацитет да се борат против хибридните закани? Што ќе се преземе на политички, правен и општествен план за да се санираат тешките последици од дејствувањето на овие лица наведени во Студијата… беа дел од прашањата на кои се зборуваше во првата сесија.
камера: Атанас Петровски
монтажа: Ариан Мехмети