• Latest

Обраќањето на Иванов предизвика револт кај пратениците

December 26, 2017

Нема штета, нема загадување – но „Мазут“ повторно се враќа на истрага

August 31, 2026
Петер Маѓар, Оливер Андонов - Блед, Словенија, 31 август 2026

(ФОТО ВЕСТ) Андонов на средба со унгарскиот премиер Маѓар во Блед: Поддршка за македонскиот пат кон ЕУ

August 31, 2026
Украинска инфраструктура уништена од агресорот

Украина повикува на засилена енергетска поддршка пред зимата: Русија подготвува нови напади врз енергетиката

August 31, 2026

Сè помалку ученици, сè повеќе празни училишта: Демографскиот пад го менува образовниот систем

August 31, 2026
Кијив, 31 август 2026 (извор: ДСНС)

Рускиот терор продолжува, расте црниот биланс на загинати, Кијив ги засилува „долгометните санкции“

August 31, 2026

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Обраќањето на Иванов предизвика револт кај пратениците

December 26, 2017 15:50
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот Иванов во своето годишно, педесетминутно, обраќање во Собранието, како законска и уставна обврска, реши да се фокусира на сите оние работи што вршат ерозија во институциите и штетно влијаат на јавното мислење, а и кон продлабочување наместо решавање на внатрешната, државна, криза.

Лажните вести и информации, загадениот медиумски и јавен простор, беа први на списокот, од долгата листа на Иванов, на предизвикувачи на одржлива и продлабочена политичка криза.

Претседателот истакна дека медиумите, интернетот и социјалните мрежи, се основата за тензии и конфликт меѓу граѓаните.

„На Македонија и е потребно слободно, независно и професионално новинарство, а не медиуми кои функционираат како експонати на политичките партии и пласираат лажни вести“, истакна Иванов.

Негодувања кај дел од пратениците предизвика изјавата дека барањата на „оние кои повеќе од два месеца на мирен и достоинствен начин искажуваа грижа за државните интереси…“, мислејќи на протестите на ВМРО –ДПМНЕ за судските процеси поврзани си 27 април, се и негови барања.

Парламентарниот дом и новата Влада беа критикувани скоро во секоја од проблематичните точки за кои зборуваше Иванов.

Реформи, загаден воздух, судство, криминал, клиентелизам и корупција, лична одмазда, партиски и политички реваншизам, ингеренциите на УБК, системски реформи во безбедноста, влез во ЕУ и НАТО се само дел од низата на проблеми за кои претседателот посочувал, но нема кој да ги спроведе.

На листата критики се добрососедските односи на новата Влада. Претседателот разочарано посочи на лошото влијание на Тиранската реформа, котнра-разузнавачка измама во односите со Србија, како и финансиската помош на Владата на Косово на ангажираните во нападите во Гошинце и Куманово.

Добар дел од обраќањето беше посветено и на Законот за јазици кој смета дека е репресивен и дека претставува опасност за унитарноста на државата.

Не беше поштедена ниту македонската дипломатија со надеж за поголем професионализам кај македонските амбасадори.

Цитирајќи ги Албер Ками, Мила Кундера, Блес Паскал и на крај повикувајќи се на Крсте Петков Мисирков низ својот говор, Иванов за крај заклучи дека државата, која треба да не држи заедно се поткопува заради „дневно-политички агенди, мобилизирање на гласачи, освојување и задржување на власта“.

Иванов порача да се врати политичкиот дијалог за доброто на државата и да се зајакне патриотизмот, отвореноста на умот, креативноста и иновативноста.

Тој посочи да не се мисли на изборите туку на граѓаните, затоа што нивните барања се негова и обврска на Владата и пратениците.

По неговото обраќање, со свои пофалби и критики на прес-конференции се огласија ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.

Биљана Јордановска

Tags: IvanovкритикиобраќањеподдршкаСобрание
Share38TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ