Слободен народе на слободна земја! Денес беше еден од оние денови кои ни овозможуваат со сигурност да кажеме дека целиот свет е со нас. Утрово разговарав со Неговата Светост Папата Франциско за потрагата по мир за Украина, за нашата држава, за злосторствата на окупаторите, за хуманитарните коридори до опколните градови. Му се заблагодарив на Неговата Светост за неговата јасна и силна позиција против војната и за неговите молитви за Украина. Го поканив да ја посети нашата земја во овој клучен момент. Верувам дека ќе успееме да ја организираме оваа важна посета, која недвосмислено ќе го поддржи секој од нас, секој од Украинците, изјави во обраќањето украинскиот претседателот Володомир Зеленски.
„Денес се обратив пред двата дома на италијанскиот парламент. Чувствував максимална поддршка. Искрена топлина со зборови. Jа повикав Италија да ги зајакне санкциите против Русија и нејзиниот режим. И да удри силно по сите руски дејци одговорни за оваа војна. За војната против нас. По нивниот недвижен имот, сметки и јахти. По нивната навика да заработуваат пари со војна, а да живеат и одмораат – далеку, во Европа, каде што е мирно и пријатно.
Сигурен сум дека нови санкции ќе има оваа недела. И благодарен сум ѝ на Италија што го поддржа членството на Украина во ЕУ.
Разговарав со Претседателката на Словачка, Зузана Чапутова. За нашата соработка и нашата безбедност. За развојот на Украина – со сите заедно, во Европската унија.
Важен разговор се оствари и со Премиерот на Канада. Продолжуваме да ги координираме нашите позиции во пресрет на овонеделните самити на НАТО и Г7. Џастин Трудо ќе не поддржи.
Посебен аспект се безбедносните гаранции за Украина. Тие се од витално значење не само за нас, туку и за сите соседни земји. За нашата безбедност, која ќе го зацементира мирот во Источна Европа.
Благодарен сум му на министерот за надворешни работи на Грција, кој беше првиот европски функционер кој одлучи да ја поддржи работата на нашите хуманитарни коридори во Мариупол. Да сеспаси нашиот народ од градот и да се донесе хуманитарна помош таму е многу важно за сите.
Заклучно со денес, во градот се наоѓаат околу сто илјади луѓе. Во нехумани услови. Во целосна блокада. Без храна, без вода, без лекови. Под постојано гранатирање, под постојано бомбардирање.
Веќе не една недела се обидуваме да организираме стабилни хуманитарни коридори за жителите на Мариупол. И речиси сите наши обиди, за жал, се прекинати од руските окупатори. Со гранатирање или намерен терор.
Денес една од хуманитарните колони беше едноставно заробена од окупаторите. На договорената рута кај Мангуш. Вработените на Државната служба на Украина за вонредни ситуации и возачите на автобусите беа заробени.
Правиме се што можеме за да ги ослободиме нашите луѓе и да го деблокираме движењето на хуманитарната помош. Затоа сум благодарен кога претставник на европска држава на високо ниво ќе се согласи лично да се вклучи во хуманитарната мисија.
Спроведувањето на овој план од страна на грчкото МНР го очекуваме во наредните денови.
И покрај сите тешкотии, денес беа успешно спасени 7.026 жители на Мариупол.
Утре ќе продолжиме со оваа важна работа.
Нашите претставници се обидуваат да договорат хуманитарни коридори во Кијивската, Харкивската, Запорожската и Луганската област.
Уште една важна вест е дека е создадена онлајн алатка за сите кои можат и сакаат да помогнат со хуманитарни производи за Украина.
Само во последните две недели нашата земја доби повеќе од 100.000 тони хуманитарна помош.
Овие производи брзо се дистрибуираат преку специјални центри за регионите. Но, има уште повеќе апели. Уште повеќе можности. Уште повеќе работа.
Затоа, за да се поедностави процесот што е можно повеќе, создадена е страницата help.gov.ua.
На страницата може да дознаете како да набавите, како да испраќате и кому да ја упатите хуманитарната помош. Ова е за сите што сакаат да се приклучат. За секој кој може да помогне. Во Украина и во светот. За помошта да оди постојано, 24/7.
Нашите Вооружени Сили денес не израдуваа. Повторно Чорнобаивка – повторно пораз на окупаторите. Повторно соборени руски авиони. Особено важно – бомбардирачот над Мариупол. Така ќе биде со сите што убиваат наши луѓе, мирни луѓе на нашата мирна земја.
Сакам уште еднаш да им повторам на сите руски пилоти кои не размислуваат каква наредба извршуваат. Убивањето цивили е кривично дело. И вие ќе одговорите за тоа – на кој било начин. Денес или утре е помалку важно. Главната работа е дека тоа е неизбежно.
Продолжуваме да работиме на различни нивоа за да ја поттикнеме Русија за мир. За крај на оваа брутална војна. Украинските претставници работат на преговорите, кои практично продолжуваат секојдневно. Многу е тешко. Понекогаш скандалозно. Но, чекор по чекор одиме напред.
Благодарен сум им на сите меѓународни посредници кои се борат за Украина, за Европа, за вистината. Кои ја носат во Москва вистинската слика. Чесната. И ги поттикнуваат да гледаат реално. На тоа што се случува во битките. И на фактот дека светот нема да престане да ја брани вистината. Нашата вистина.
Оваа недела ќе се одржат три важни самити: на Г7, НАТО и ЕУ. Нови пакети санкции, нова помош. Ќе работиме, ќе се бориме колку што можеме. До последно. Храбро и отворено. На сите овие полиња. Со полна енергија.
За резултат. Со сите нашисили. И нема да се умориме. Ќе се одмориме кога ќе победиме. А ова дефинитивно ќе се случи. Слава на сите наши херои! Слава на Украина!“, рече на крајот од своето обраќањето претседателот Зеленски.