Мисијата на ОБСЕ во Косово организира панел-дискусија со новинари и со претставници на органите за спроведување на законот и обвинителството, по повод Меѓународниот ден за ставање на крај на неказнивоста на злосторствата и насилството над новинарите, 2 ноември.
Панелистите ќе дадат оценка за моменталната состојба на безбедноста на новинарите и неодамнешните напади врз медиумските професионалци, на панел-дискусијата што ќе се одржи во Информативниот и културниот центар на ЕУ во Приштина, почнувајќи од 10:00 часот. Тие, исто така, ќе се обидат да ги охрабрат судските органи за поефикасно решавање на овие случаи за да можат сторителите да излезат пред лицето на правдата.
Дискусијата ќе биде отворена со видео порака од претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите, Харлем Дезир.