ДРАГАН МИШЕВ
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху , за кого е издаден налог за апсење од Меѓународниот кривичен суд поради основани сомневања за воени злосторства, играјќи си со надежите на Трамп за мир на Блискиот Исток – го номинира за Нобелова награда за мир.
Нетанјаху пристигна во Белата куќа во понеделникот на свечената вечера, носејќи го со себе она што стана врвен подарок за претседателот Доналд Трамп: писмо со кое некој го номинира за Нобелова награда за мир, која стана врвна фиксација на Трамп, за која вели дека е заслужена за неговите напори да ги прекине конфликтите низ целиот свет, вклучително и војната меѓу Израел и Хамас во Газа.
Иако Трамп планираше да изврши притисок врз Нетанјаху да прифати договор за трајното решение за конфликтот во Газа што целосно ги запира борбите за време на вечерата во понеделникот во Сината соба на Белата куќа, сепак, пред да се послужи оброкот, Нетанјаху брзо ги истакна мировните способности на Трамп, дури и додека преговарачите сè уште ги финализираа деталите за договорот за прекин на огнот.
„Тој гради мир, додека зборуваме, во една земја, во еден регион по друг“, рече Нетанјаху додека се посегна преку масата за да му го подаде на Трамп својот документ. „Значи, сакам да ви го претставам, господине претседателе, писмото што го испратив до Комитетот за Нобелова награда; во него ве номинираат за наградата за мир, која е сосема заслужена и треба да ја добиете.“
„Ви благодарам многу. Ова не го знаев. ВАУ“, одговори Трамп, навидум изненаден и трогнат. „Ова е многу значајно, особено од вас. Ви благодарам многу, Биби.“
Навистина, ВАУ!
Но тоа не е се…
Во прилог на номинацијата за Нобелова награда за мир на Трамп му оди и „решавањето на руската војна во Украина за 24 часа“ откако додјде на власт, токму како што вети за време на предизборните митинзи. И сето тоа насочувајќи го целиот притисок вра нападнатата Украина и нејзиниот претседател Зеленски. Можеби не е нескромно ако очекува уште една номинација за престижната награда, овој пат од рускиот претседател Владимир Путин.
Кој знае, како што тргнало, можеби кон номинациите за Наобеловата награда за мир за Трамп ќе се придружи и иранскиот лидер, ајатолахот Али Хамнеи.
Е тогаш навистина ќе биде: ВАУ; ВАУ, ВАУ!!!