Обвинителството на Јужна Кореја денеска побара 30 години затвор за поранешната претседателка Парк Хеун-хје поради вмешаност во корупциски скандал.
Парк по масовните протести е смената и потоа уапсена во март минатата година под обвинение за примање мито, злоупотреба на службената положба и принуда. Таа ги негира сите обвиненија.
Поранешната претседателка на Јужна Кореја и денеска не беше присутна на судската седница. Датумот за изрекувањето на пресудата доплнително ќе биде соопштен.
Ако судот потврди дека е виновна, Парк ќе биде трет осуден јужнокорејски претседател.
Другите двајца јужнокорејски претседатели се осуден за државен удар во 1979 година и за маскр над цивилите во 1980 година.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.