Categories

ПРЕСПАНСКИ ДОГОВОР Од денеска Република Северна Македонија

Натписот „Влада на Република Македонија“ веќе е отстранет од фасадата на владината зграда, и се очекува наскоро на неговото место да се постави натпис „Влада на Република Северна Македонија“.

Се очекува денеска да почне промената на натписите и таблите на државните органи и Собранието.

Денеска треба да бидат поставени и првите табли со „Северна Македонија“ на граничните премини, а првиот ќе биде граничниот премин „Богородица“, главниот премин на границата со Грција.

Грција со вербална нота треба да ја извести Република Македонија дека се поминати сите пречки за ставање на крај на деценискиот спор за името.

image_pdf image_print
Print Friendly, PDF & Email