Ви пренесуваме впечаток од дневникот на една набљудувачка на ЦИВИЛ, која во текот на вчерашниот ден посети дел од партиските штабови во Скопје.
„За разлика од минатогодишните парламентарни избори, оваа година повеќе ја нема срдечноста со која нè пречекуваа во штабовите на СДСМ, но исто така, ја нема ни арогантноста со која нè дочекуваа во штабовите на ВМРО-ДПМНЕ“, вели нашата набљудувачка.