• Latest
Војо Маневски

Од втора лига се игра ли во Европа?

December 18, 2023
Фото: Скринчот од видео на Влада на Северна Македонија/ Фејсбук

По признанието на Тошковски дека нема центри на моќ зад пожарите, од СДСМ бараат Мицкоски да одговара за ширење страв и паника

September 16, 2025

Ужас во Велес: Ја убил поранешната девојка и татко ѝ, па се самоубил

September 16, 2025
Фото: Доналд Трамп/Truth Social

САД, по наредба на Трамп, уништиле венецуелски брод за дрога, убивајќи три лица

September 16, 2025

На пратеникот на Левица, Сашко Јанчев му се одземени пасошот и возачката дозвола поради сообраќајката во скопско Марино

September 16, 2025

Пожар рано утрово во сервис за возила пред Пинтија

September 16, 2025
Пожар избувна од рафинеријата за нафта Кириши во руската Ленинградска област по пријавениот украински напад со беспилотни летала на 14 септември 2025 година. Фото: Генералштаб на украинската војска/Телеграм

Украински дронови нападнаа голема руска рафинерија во Ленинградската област, клучната единица го запре производството

September 16, 2025
Фото: Скриншот од видео на
CRUX

Израел го ескалира бомбардирањето, министерот за одбрана вели дека „Газа гори“

September 16, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Шест месеци од трагедијата во „Пулс“ – денес ќе се одржи „Марш за Ангелите“ во Кочани, протестни собири во Штип и Скопје

September 16, 2025
Од јавниот собир за Кочани во Скопје, 18 март 2025 (фото: ЦИВИЛ)

Утре протест во Скопје: Шест месеци од трагедијата во Кочани

September 15, 2025
Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

September 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Од втора лига се игра ли во Европа?

December 18, 2023 12:20
in ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Војо Маневски

Војо Маневски

Share on FacebookShare on Twitter

ВОЈО МАНЕВСКИ

Заврши самитот на ЕУ. Одлуките ги добивме и како што ни приличи, различно ги толкуваме. Се разбира нема извлекување на заклучоци за идно делување, самокритика, туку обвинување на другата страна дека таа е виновникот за последиците. Едни велат недонесувањето на уставните измени се причината, а другите дека корупцијата, криминалот и нефункционирањето на системот е вистинската причина. Ние граѓаните само веднеме глава, обидувајќи се да си останеме скриени во сопствениот свет за да не се потсетиме дека вината е и наша. Ние гласавме иако не ги избиравме пратениците.

А вистината како никогаш досега е јасна. Едните се заглавија во неискрената борба за национали интереси кои ни самите не можат да ги дефинираат, затоа што тие се нешто што не може да се покаже јасно и во тоа е манипулацијата. Како што вели Горан Стефановски – “идентитетот не е златно лажиче со кое во уста ни се става слаткото, туку постојано докажување на сопствената способност за докажување на посебноста“.

Другите притиснати од недоволната кадровска екипираност и низата на нужни компромиси не успеаја да се справат со последователните кризи. За справување со предизвиците посебно во големи кризи се потребни рационални одлуки кои не смееја да ги донесат, поради популистичкиот притисок кој секоја криза го произведува. Стравот и неизвесноста секогаш го победуваат рациото. Најлошо во време на криза е политиката „појди па застани“. Неодлучноста само ги искомплицира состојбите. Таа ја зголемува недовербата.

Да, да, сите престанавме да веруваме во институциите, во добрите намери на политичките, а пред сѐ олигархиските елити кои го бранат она што го стекнаа низ 30 години на нефункционалниот систем, кој за нив беше плодно поле на прибирање на капитал и моќ. Сите политички елити досега се „заслужни“ за денешната состојба.

Значи, за да почнат реформите треба да имаме надворешен импулс и некој што ќе ни ги диктира правилата. Без тоа нема почеток на нужните реформи. Без реформи кои ќе донесат беспоштедна борба со епидемијата корупција ништо нема да ни значи и со факел Европа да ни го осветлува патот. Ние ќе си останеме во темнина. Значи и едното и другото се нужност и тоа сега и што е можно побргу. Зарем е важно кој е редоследот кога тоа требаше да се направи уште вчера.

Веднаш ми паѓа напамет еден словенски слоган од крајот на осумдесеттите години на минатиот век. ЕВРОПА ЗДАЈ, велеа Словенците и околу тој наратив се собра критичната општествена маса. Денес Словенија е далеку пред нас во градењето на функционален систем кој ја прави почитувана држава во Европа. Околу идејата и целта се собра нај креативниот дел од словенското општество. И Кермаунер и Дрновшек и Кучан. Значи ги водеше кон Европа првата лига на лица од словенечката држава и општество.

Додека ми се вртат вакви мисли за падот на интелектуалниот и етичкиот потенцијал скоро во сите области во мојава сакана држава и кај сите граѓани во неа, се потсетувам на една анализа на еден мој драг пријател кој низ математички и логични следови ми ја анализираше состојбата со вредностите кај нас. Може ќе биде премногу објаснување, но ќе се обидам да ја доловам аналогијата со нашето општество преку еден фиктивен образовен експеримент.

Оди вака – замислете клас во гимназија кој се подготвува за писмена работа по математика. Влегува професорот, возбуден затоа што претходно бил на „пеглање“ кај директорот зошто не става петки на „добри“ (читај „наши“) деца и сериозен им кажува на тројцата најдобри ученици да го напуштат часот. Им вели – „чекајте ме во кабинетот, ај да ги видиме другите што ќе направат без вас“. Тројцата најдобри излегуваат, а тој на останатите им ги дели листовите со задачите, избрани така да се доволно тешки да можат да ги решат само оние кои излегле – најдобрите. Потоа излегува самиот, ги остава учениците да препишуваат, да се снаоѓаат како знаат и умеат. Оди во кабинетот, ги седнува тројцата кои излегле и им ги дава истите задачи. За 30-тина минути овие ученици ги решаваат задачите без грешка, тој им ги зема листовите и се враќа во училницата.

Што мислите, какви биле резултатите во училницата? Сите  ученици заедно  имаат точно решено НУЛА комплетни задачи. Тие можеле да препишуваат, ама нема од кого да препишуваат. И ако напишале нешто полу-точно, нема кој да ги насочи, да им климне со глава дали се на добар пат. Некои од  нив дури ќе бидат убедени дека точно решиле, затоа што не го знаат решението, нема со кој да се споредат. И кога професорот ќе им ги каже решенијата – тој ќе биде виновен. Те ги мрази, те намерно им задава претешки задачи „како за на факултет“, одговорност ќе бараат кај сите, само не кај себе. Но останува податокот дека тројцата ги решиле задачите без проблем и без грешка, а сите останати не решиле ништо.

Има ли некаква аналогија со она што се случува кај нас, со нашите партии? Јас мислам дека има, ако учениците се партиите, а професорот e ЕУ. Дури кај партиите е уште полошо – тие самите си ги бркаат најдобрите, не професорот, без да помислат дека без нив нема решение на проблемите.

Ако сакате да го завршите тоа училиште, мора да се потрудите КАКО ТИМ да ги решите задачите. Исто како што EУ ни задава задачи кои мораме да ги завршиме. Не ни одговара, претешки се задачите? Знаете и учениците не мора да одат во тоа училиште, можат да си изберат некое полесно…

Добро, ќе рече некој, во пракса никогаш не е така, има оцени меѓу 1 и 5. Но, едно време за да се запишеш на некој тежок факултет, медицина на пример, една четворка во сите свидетелства можеше да те елиминира. Ама ние петкашите ги бркаме, ни пречат, бидејќи во нивно присуство се чувствуваме мали. Ама, што правиме, ако без нив не бидува? Ќе промениме нешто во системот? Или ќе продолжиме да пропаѓаме, обвинувајки се меѓусебно и барајќи вина во „белиот свет“.

Политичарите што се судрија со обработката на евро-документите што бриселските бирократи ги испорачуваа од јуни месец, па до пред некој ден, добро разбираат што е поентата на анализата на професорот. На оние на кои директно им беше соопштено што од нив се очекува, веќе ниту една анализа нема да им помогне, долго ќе играат во  потсојуз.

Од втора македонска лига, со исти играчи, се оди ли во најдобра лига од „големата петорка“???

Print Friendly, PDF & Email
Tags: евроинтегравииидентитетпартииСамит на ЕУуставни измени
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    156 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    141 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    134 shares
    Share 54 Tweet 34
  • Хаотично заебавање

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ