ВЕСТ НА ДЕНОТ: Управен суд одби 78 тужби поднесени од Левица, сите тужби од Алијанса и Алтернатива и на Интегра
Управниот суд одби 78 од поднесените 101 тужба од Левица и ги потврди одлуките од Државната изборна комисија. Претходно, тужбите поднесени од Интерга, Алијанса за Албанците и Алтернатива и едно физичко лице, се одбиваат како неосновани и се потврдија решенијата на Државната изборна комисија.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
ДКСК: Ќе проверуваме дали меѓу донаторите за изборна кампања има социјални случаи и невработени
ФЛЕШ ВЕСТИ:
Али Ахмети на Фејсбук потврди дека добил покана да се јави во Специјалното обвинителство за воени злосторства на Косово со седиште во Хаг.
Славјанка Петровска, инфомираше дека е поведена постапка против Зоран Ѓорѓиевски, советник во Кабинетот на техничкиот министер Наќе Чулев за инцидентот со началникот на Единицата за безбедност во сообраќај во СВР Тетово, Зоран Талев.
Мила Царовска ќе го тужи Боки 13 за клевета, која демантираше дека кога била министерка за труд и социјална политика му давала поддршка.
Судењето за случајот „Меѓународен сојуз“ продолжува на 26 август, откако на денешното рочиште во Основниот кривичен суд одбраната даваше воведни зборови.
Љубчо Георгиевски на суд ќе се обиде да си ја врати титулата почесен претседател на ВМРО ДПМНЕ.
Од следната недела ќе почне оспособувањето на „8 Септември“ за прием на редовни пациенти, освен КОВИД-19, вели д-р Циривири, за СДК.мк.
ИНТЕРВЈУ, Секуловски: Новинарите и медиумските работници за време на изборниот циклус беа безбедни
Амбасодорката на САД, Кејт Бернс стана мета на говор на омраза на социјалните мрежи.
ЦИВИЛНИ ВЕСТИ
Мониторинг тимот на ЦИВИЛ во изминатиов период следи и архивира говор на омраза и разобличува лажни вести и дезинформации, дел од информациите ги објавува на својата медиумска платформа.
СЛОБОДНА ЗОНА
„Една недела по изборите, страстите спласнуваат и работите полека си доаѓаат на свое место. Никој паметен повеќе не се сомнева во тоа кој ќе биде мандатарот на идната влада. А главниот „виновник“ не е ни во Скопје, јаде баклави во Преспа…“, пишува Сашо Орданоски во колумната „Не е проблем до Статутот“.
„До политичката партија Левица денеска испратив една љубезна молба за одговор на неколку прашања за кои јавноста има право да очекува појасни и попрецизни одговори. Моето долгогодишното искуство со оваа ултра десна Левица се заснова на речиси секојдневни изрази на омраза кон мене и моите другарки и другари, па така, мислам дека не е неосновано да ги поставам овие прашања меѓу кои има и такви со безмалку техничко-административна природа“, пишува Џабир Дерала во колумната „Прашања до Апасиев како мисли да го спроведе стрелањето“.
Ангела Петровска