Трибината „НАТО и ти“, организирана по повод одбележувањето на Денот на НАТО ќе се одржи во Воениот музеј, со почеток од 9 часот до 11 и 30 часот. Настанот е организиран од страна на Министерството за одбрана во координација со АТА Македонија, НАТО Канцеларијата за врски во Скопје и Амбасадата на Р. Хрватска во Македонија, по што ќе следи официјалното отворање на музејската изложба „Република Македонија на патот кон НАТО“ и ќе трае во текот на целиот месец април.
Од 4-ти до 13-ти април ќе се одржат повеќе настани кои ќе ја одбележат „НАТО недела“, и ќе имаат за цел да дадат поинаква димензија на НАТО и стратешката определба за членството Алијансата да се приближи до граѓаните.
Турите за изложбите ќе бидат интерактивни и на дневно ниво ќе ги вршат раководители на сектори во МО, претставници од НАТО Канцеларијата за врски и Асоцијацијата на Воени аташеа. Посетителите на изложбите се предвидени да бидат средношколци во организирани посети по известување на училиштата.
Денот на НАТО е ден за одбележувањето на основањето на НАТО, со потпишувањето на Северноатланскиот договор на 4 април 1949 година.
А.П.