• Latest

Одбранбен форум во Скопје – најголеми ризици за НАТО се војната во Украина, продолжување на војната против другите соседи и хибридните напади

April 7, 2023

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026

Вучиќ ќе отпатува на самитот во Тиват и покрај предупредувањата за висок безбедносен ризик

June 4, 2026
Фото: Wikimedia commons

Европскиот парламент бара забрзани реформи и политички консензус за продолжување на евроинтеграциите на Северна Македонија

June 4, 2026

Ревизија во Академијата за судии и обвинители: Незаконски исплати, спорни набавки и пропусти во испитниот систем

June 4, 2026
Реакции

РЕАКЦИИ: Кој ја држи Северна Македонија во ЕУ чекалната – граѓаните ја поделија вината меѓу Брисел, Софија и Владата

June 4, 2026

Дипломатски тензии меѓу Белград и Подгорица: Поради безбедносен ризик, БИА му препорача на Вучиќ да не патува во Црна Гора

June 4, 2026

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА

Одбранбен форум во Скопје – најголеми ризици за НАТО се војната во Украина, продолжување на војната против другите соседи и хибридните напади

April 7, 2023 14:14
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ, ИЗЈАВИ
Share on FacebookShare on Twitter

Најголем ризик за НАТО во иднина е конвенционалната војна која се води во Украина. После тоа се хибридните напади кои не ги гледаме, а кои се присутни, а потоа кибер нападите, кои дефинитивно се случуваат секој ден во сите наши земји и ризикот исто така може да биде ако не сакаме да бидеме сложни, изјави денеска Роберт Микац од Факултетот за политички науки во Загреб на Одбранбениот форум во организација на Министерството за одбрана, пренесува МИА.

Според него, имаме надворешен ризик, но дефинитивно има и внатрешни ризици, така што, како што рече, на денешниот форум ќе се фокусираат како заеднички да се делува кон надворешните ризици.

Метју Роудс, од Европскиот центар за безбедносни студии „Џорџ Ц. Маршал“ смета дека најголемиот ризик за НАТО би бил да се дозволи руската агресија да остане без одговор.

– Најголемиот ризик е Русија да продолжи со агресијата против другите соседи, потенцијално против другите членки на Алијансата. Мислам дека со тоа што стои силно и обединето, НАТО покажа дека тоа не е прифатлива практика во меѓународните односи и дека ја зајакна одбраната и безбедноста на алијансата како целина, истакна Роудс.

Руслан Стефанов од Центарот за проучување на демократијата во Бугарија, смета дека е жално што има несогласувања меѓу Северна Македонија и Бугарија и како зголемени тензии.

– Секоја поделба меѓу сојузниците во НАТО предизвикува загриженост и мислам дека треба да се фокусираме на позитивниот развој. Треба да се фокусираме на врските, на инфраструктурата, на конструктивниот капитал и секако на НАТО за заедничката безбедност. Ова не е прв пат да имаме вакви несогласувања во НАТО. Важен е само историски контакт. Јасно е дека сега и за ЕУ и за НАТО нивниот главен приоритет е војната во Украина. Значи, завршување на војната во Украина со победа за Украина и со продолжување на ЕУ се разбира, изјави Стефанов.

Според него, Северна Македонија и Бугарија би можеле да работат мирно и позитивно за да ги решат отворените прашања или би можеле да продолжат да се фокусираме на овие поделби, а не на позитивните работи.

– Ние сме сојузници на НАТО, ние сме членки на НАТО. Работиме заедно на тоа. Работиме заедно на заеднички економски проекти. Мислам дека ова треба да биде во фокусот на двете влади на Бугарија и на Северна Македонија. Во овој специфичен историски момент, треба да се трудиме колку што е можно повеќе да не ги ставаме нашите поделби пред јавноста, бидејќи тоа е она што Русија и нејзините сојузници го користат, и да се фокусираме на она што не обединува, рече Стефанов.

Даниел Браун, директор на Фондацијата „Конрад Аденауер“ од Германија истакна дека безбедносните прашања се еден од главните предизвици во нашата блиска иднина.

– Вашата земја страда речиси шест месеци. Постојана хибридна војна со закани со бомби и сите оние работи што ни покажуваат дека не се работи само за хардверот, па кога мислам на тенкови или авиони, туку и за зголемување на нашите капацитети да се браниме со дигитални напади. И форумот за одбрана, а исто така и за другите наши активности ќе ни даде знаење и дебати како да се соочиме со такви закани и такви предизвици, рече Браун.

Одбранбениот форум во организација на Министерството за одбрана, а го отворија генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг преку видео конференциска врска, министерката за одбрана Славјанка Петровска и амбасадорката на САД во земјава, Анџела Агелер.

Ова е еден од поголемите одбранбени форуми кој ќе се одржи во земјата и се планира тој да стане традиционален. Целта на форумот е споделување искуства и добри практики во однос на темите на петте панел дискусии на тема: Геополитичките случувања врз новата безбедносна архитектура и регионалната безбедност, Превенција и одговор на кризи-идни предизвици на НАТО земјите членки, Местото и улогата на Армијата- иден развој и приоритети, улогата на цивилното општество во градењето на отпорност, Приватното обезбедување и одбранбено-безбедносниот систем- идни можности и соработка.

Tags: ЕУНАТОодбрамбен форумруска агресија врз Украина
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ