На денешната прес-конференција на СДСМ, портпаролка на СДСМ Богданка Кузеска го посочи претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека си поигрува со здравјето на граѓаните и крши протоколи во време кога повторно има поголем број активни случаи од Ковид 19, кога лекарите и медицинскиот персонал не можат да здивнат поради состојбата со вирусот.
Се гоштева Мицкоски во кафанска атмосфера, збиено седнат во тесна просторија. Неговата ВМРО-ДПМНЕ наутро бара онлајн настава а тој попладне крши протоколи и го загрозува здравјето на граѓаните. Нема ништо искрено во оваа партија, нема чесна намера ниту кон учениците ниту кон родителите ниту кон граѓаните, рече Кузеска.
Тоа е лицемерието, неодговорноста и би додале самобендисаноста на Христијан Мицкоски. Едно зборува, друго прави. На штета на здравјето на луѓето. Ете колку не им тежи зборот, посочи таа. Дали е нормално и етички во верски објект некој да се однесува како да е кафана е едно прашање.
Но, кршењето на протоколите за заштита на здравјето на луѓето повлекува одговорност.Надлежните институции очекуваме да реагираат на ова скандалозно однесување на Христијан Мицкоски.
Кузеска изјави дека ова е вистинското, лицемерно и неискрено лице на Христијан Мицкоски кој од почеток на глобалната пандемија се однесува вака, неодговорно и срамно. Мицкоски го поткопуваше процесот на вакцинација и се криеше по кафеани кога беше фатен дека ги прекршува протоколите.
Повеќе од јасно зошто од Мицкоски, не слушнавме осуда за охридскиот градоначалник, Кирил Пецаков, кој наместо во самоизолација, нодоговорно се појави на верски празник меѓу граѓаните. Тоа е една иста матрица и едно исто непочитивање ниту на законите, ниту на граѓаните.Тоа е Христијан Мицкоски, човек кој лаже и се однесува лицемерно, изјави Кузеска на прес конференцијата