• Latest

Оџаклиеска: Зелената агенда е реалност, нашите напори се кон остварување на сите цели за одржлив развој

October 10, 2023
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Оџаклиеска: Зелената агенда е реалност, нашите напори се кон остварување на сите цели за одржлив развој

October 10, 2023 13:16
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ, ИЗЈАВИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

„Во изминатиот период, во нашата институција се правеа напори за транспонирање на Европското законодавство во нашата регулатива, и скрининг процесот, кој беше во текот на јуни, во Брисел, покажа дека во добар дел од Европското законодавство, е транспонирано во нашите закони, но, постојат и многу сегменти на кои треба да напорно и во континуитет да се работи“, посочи заменик министерката за животна средина и просторно планирање, Христина Оџаклиеска, на панелот на ЦИВИЛ на тема „Македонската зелена агенда: Реалност или тешко остварлива цел?“.

 

„За мене, зелената агенда е реалност, не само што е реално потребна, треба сите напори да ги насочиме кон остварување на сите цели за одржлив развој. При тоа, економски и социјален развој кој ќе ги почитува принципите за заштита на животната средина. Делови од зелената агенда, впрочем се и дел од програмата на владата. Во моментов, во нашата институција се изработува и национален акциски план за спроведување на зелената агенда.

Овој план содржи неколку основни столбови, чии политики, во насока на спроведување на политиките на Зелената агенда се содржани во акцискиот план. Зборуваме за декарбонизација, или зелената енергија, циркуларна економија, борбата со аеро загадувањето, одржливо производство на храна, и се разбира, заштита на природата и биолошката разновидност.“

Оџаклиевска се осврна и на транспонирањето на Европското законодавство во нашата регулатива и скрининг процесот од месец јуни годинава.

„Во изминатиот период, во нашата институција се правеа напори за транспонирање на Европското законодавство во нашата регулатива, и скрининг процесот, кој беше во текот на јуни, во Брисел, покажа дека во добар дел од Европското законодавство, е транспонирано во нашите закони, но, постојат и многу сегменти на кои треба да напорно и во континуитет да се работи. Во периодот што следи, се подготвува изработка на нов закон за води, понатаму, во сегментот на менаџирање со мониторингот на водните ресурси, се планира подобрување на оваа сфера. Исто така и во сферата на управување со отпадот се прават напори а искористување на добиените средства, изградба на регионални депонии, но пред се, треба да се стави акцент на искористување на отпадот како суровина“, вели Оџаклиеска.

камера и монтажа: Ариан Мехмети

Tags: заштита на животната срединазелена агендаодржлив развојотпадскринингХристина Оџаклиеска
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ