Апелациониот суд ја одложи расправата по жалбата на премиерот Зоран Заев за предметот „Поткуп“ бидејќи еден од судиите во Советот, Африм Фидани, минатата недела беше назначен за врховен судија. Сѐ уште не е избрана негова замена, бидејќи не е направена прераспределба и поради тие причини јавната седница ќе биде одложена на неопределено време.
Денеска, одбраната на обвинетиот Заев требаше да ги објасни аргументите зошто видеото од посебните истражни мерки, не може да се користи додека трае постапката, откако се најде на „Јутјуб“ и беше пренесено во медиумите.
На седницата присутни беа адвокатите на Заев, а тој не дојде бидејќи бил на службено патување. Одбраната бара снимките кои беа објавени на каналот Јутјуб, а кои се дел од доказната постапка за „Поткуп“ второстепениот суд да ги издвои од постапката и да не се користат како доказ.
Судењето за овој случај во Основниот суд Скопје 1 е закажано за 25 декември.
Д.М.