Владата излезе со соопштение во кое се оградува од одговорноста во случајот со малиот Алмир, односно останува на ставот дека одлуките што ги донесуваат судовите се одлуки на правосудни органи како независни институции. „Владата со должно внимание ги зема во предвид пораките од денешниот протест по повод одлуката на Јавното обвинителство во врска со трагичниот случај на четиригодишниот Алмир Алиу од Куманово.
Овој став на Владата е во насока на сеопфатните заложби за реформи во правосудниот систем кој треба да ги врати достоинството и довербата во судските институции, и најмногу од сè да ги врати непристрасноста, независноста и владеењето на правото и правдата, во работата и одлуките на сите институции во правосудството.
Истовремено, Владата ги осудува сите изрази на говор на омраза и на радикални постапки, кои се во спротивност со заложбите за едно општество за сите“, соти во соопштението на Владата.
ЦМ