• Latest

Одразот на Путиновиот Гулаг во македонските очи

February 18, 2024

Избори во Бугарија: Радев убедливо води, но политичката криза продолжува

April 19, 2026

(Инфографик) Избори во Бугарија: Осмата попитка

April 19, 2026

Парламентарни избори во Бугарија: Клучни статистички податоци за денешното гласање

April 19, 2026

Бугарија гласа: Осми обид за пет години да се стави крај на политичката криза

April 19, 2026
„Инцидентот“ за кој се извини Вучиќ, а за вистинската полициска бруталност власта во Србија молчи.

Легитимирање во Нови Сад предизвика „протест на власта“: Брзи реакции за „инцидентот“, тишина за претходните случаи на полициска бруталност

April 18, 2026
Гордана Силјановска Давкова на средба со Реџеп Таип Ердоган (фото извор: ФБ на претседателката)

Кремљовски шепотења

April 18, 2026
Ормуски теснец (Фото: Скриншот Google Maps)

Незвесност и ескалација на Блискиот Исток: Иран воведе нови ограничувања за Ормускиот теснец, отвори оган врз танкер

April 18, 2026

Канада: „Согласноста“ за летен камп не е дозвола за одземање деца

April 18, 2026

Осми избори за пет години во Бугарија, иста дилема: Кој ќе победи – и кој ќе владее?

April 18, 2026

РЕАКЦИИ: „Чувствувам“ значи „наредувам“ – жестоки критики за изјавата на Мицкоски

April 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ

    Избори во Бугарија: Радев убедливо води, но политичката криза продолжува

    (Инфографик) Избори во Бугарија: Осмата попитка

    Парламентарни избори во Бугарија: Клучни статистички податоци за денешното гласање

    Бугарија гласа: Осми обид за пет години да се стави крај на политичката криза

    „Инцидентот“ за кој се извини Вучиќ, а за вистинската полициска бруталност власта во Србија молчи.

    Легитимирање во Нови Сад предизвика „протест на власта“: Брзи реакции за „инцидентот“, тишина за претходните случаи на полициска бруталност

    Ормуски теснец (Фото: Скриншот Google Maps)

    Незвесност и ескалација на Блискиот Исток: Иран воведе нови ограничувања за Ормускиот теснец, отвори оган врз танкер

    Канада: „Согласноста“ за летен камп не е дозвола за одземање деца

    РЕАКЦИИ: Поделена јавност – затвор или политички камбек за Груевски?

    Масовен руски напад врз цивилни цели во Украина: најмалку 16 цивилни жртви, над 100 повредени

    Андриј Сибига

    Украина реагира: Руски брод со украдено украинско жито во израелско пристаниште отвора алармантни прашања

  • ПОЛИТИКА
    • Категорија
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ
    Гордана Силјановска Давкова на средба со Реџеп Таип Ердоган (фото извор: ФБ на претседателката)

    Кремљовски шепотења

    РЕАКЦИИ: „Чувствувам“ значи „наредувам“ – жестоки критики за изјавата на Мицкоски

    ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие (не) одговараат – која е вашата порака до политичарите денеска?

    РЕАКЦИИ: Поделена јавност – затвор или политички камбек за Груевски?

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Мицкоски како Алиса во земјата на чудата: Дали сме ние во Европа или во Африка?

    Ерол Ризаов

    Премиерот Мицкоски стана многу „чувствителен“

    Македонската психолошка опседнатост со Албанците

    Креирано со помош на ВИ

    РЕАКЦИИ: Падот на Орбан без ефект врз Македонија – граѓаните меѓу иронија и критика за политичките импликации

    УТРИНСКА ПОШТА: Енергетска неизвесност, блокада во Персискиот Залив и турбуленции во регионот

    Кој со Орбан тикви садел…

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • Категорија
    • ИСТОРИЈА

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

    Корубин: Селективен и селектиран устав

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Рајот е место каде ништо не се случува

    Демократијата не се брани сама од себе: Што нè научи 2025 година

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • Категорија
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА
    • ТЕЖИШТЕ
    Гордана Силјановска Давкова на средба со Реџеп Таип Ердоган (фото извор: ФБ на претседателката)

    Кремљовски шепотења

    Осми избори за пет години во Бугарија, иста дилема: Кој ќе победи – и кој ќе владее?

    Специјален трибунал за кривичното дело агресија на РФ

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Мицкоски како Алиса во земјата на чудата: Дали сме ние во Европа или во Африка?

    Македонската психолошка опседнатост со Албанците

    Новата анатомија на моќта: Географијата како судбина и стратегија во мултиполарниот свет

    Кој со Орбан тикви садел…

    Креирано со помош на ВИ

    Орбан падна, Мицкоски молчи, ВМРО-ДПМНЕ во паника

    Петер Маѓар (ФБ)

    Маѓар победи. Вистинскиот тест за Унгарија започнува.

    Џелал Хоџиќ

    Унгарците го испратија Орбан во историјата – што со „орбановците“ на Балканот?

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home АНАЛИЗИ

Одразот на Путиновиот Гулаг во македонските очи

February 18, 2024 10:16
in АНАЛИЗИ, МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА, ПРОПАГАНДА, СВЕТ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter
  • Нема за македонските „сили во воздухот“ скренување од доминантниот колосек, кој води рамно кон планот Б што стои над вратите на крајот од пролетниот изборниот процес.
  • Смртта или поточно убиството на Навални и општото одмолчување, за разлика од реакциите во демократскиот свет, е само лакмус хартија каде што отисок остава и нашата интелектуална средина.
  • Руската амбасада може гордо да јави во Москва – на ликот на Путин не фали ништо, му стои и првутот на главата!

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ

Специјално за ЦИВИЛ МЕДИА

„Тажен ден за демократијата, човештвото изгуби цврст активист за човекови права. Срдечно сочувство до неговата сопруга Јулија и неговите деца“, напиша Пендаровски на „Х“, додека присуствува на Минхенската безбедносна конференција. Од истата локација реагираше и министерот Османи – „неговиот бескомпромисен стремеж за правда и борба за демократија во Русија инспирираше милиони. Рускиот режим ја има одговорноста за неговата трагична смрт. Срдечно сочувство до неговото семејство и најблиските“, напиша министерот Османи на „Х“.

Овие реакции секако се дел од општата атмосфера која владееше на безбедносниот состанок во Минхен по повод веста дека во казаматот „Пустински волк“ починал главниот борец за демократија во Русија. Други реакции на видни личности во земјава во саботата – немаше!

Како е односот на македонските медиуми кон оваа вест па и како просто сознание покажува, на пример, Нова Македонија, која реакциите во светот за смртта на Навални ги постави барабар со бранителите на ликот и делото на Путин, преку изјавите и коментарите на Песков и портпаролката Марија Захарова. Да потсетам, последнава една недела пред инвазијата на Русија врз Украина пред две години се смееше на тврдењата дека напад ќе уследи. И нападот уследи и нејзината аура остана цела, па и во нашите весници.

На вестите во Македонската телевизија во саботата во 10 часот, сознанието за смртта на Навални беше буквално последна. И максимално куса – подмет, прирок … повеќе реченици има во платена објава како жална вест на скржави роднини на покојникот. Нормално, претходно имаше сѐ што некому му било важно – бајатата вест за собирот на потенцијалниот партнер на Мицковски – Таравари (без осврт на она што е барем еднакво интересно и во духот на политичкиот фер-плеј, а тоа е собирот, односно Конгресот што го организира Села од Алијанса следниот ден!), потоа, оценката на шефот на црвено-црните за можните кандидати за претседателска функција на конкуренцијата, без да зуцне нешто за сопствените аспиранти (!) и така натаму. Веста за Навални е од типот: колку да се рече, иако светот го поплавија протести, изрази на осуда на моќни јавни личности, плус тука е шокатното сознание дека телото на Навални исчезнало од мртовечницата, дека е срушен споменикот на жртвите на сталинизмот каде московјани претходната ноќ положувале цвеќе.

И мислите ли дека некој во македонската јавност и медиуми се возбуди навистина, дека беше инспириран да напише јавна реакција? Не, веројатно од руската амбасада ќе јават во Москва дека во Македонија за Путин нема ништо, ниту првут на главата.

Московјани положуваат цвеќе, по веста за смртта на легендарниот опозиционер.

Поставеноста на значаен дел од македонското општество кон смртта на најпознатиот дисидент во светот е само прост одраз на односот на силите „во воздухот“ што  својот политички простор го наоѓаат во конзервирање на социјалниот статус што настана после првобитната акумулација на капиталот, во чување и блокирање на сопствената икона поставена на место на идолопоклонство во одаите на Сваровски судството.

*

Плодовите на експресната реставрација, толку видлива во последно време, носена на крилјата на антизападните емоции и руските ордени, гледаме како во судските хроники одново ги уживаат недопирливите кои најмалку две години (2017-2019 година) се тресеа пред потенцијалните промени!

Се осоколија, особено по рушењето на СЈО, таа сложена, но прецизна операција и после практичната настава од типот – како да го покорите обвинителството. Јавните чинови на бесчестието, она со откупот на еднаш одземеното (запленето) богатство, само го илустрираат враќањето на моќта на обвинетите во рикверц, на старите позиции, при што споменатите откупи, преку свои луѓе, дури и роднини си го откупуваат назад „тешко создадениот имот“, што можеби не е спорно од аспект на полнење на државната каса, ама е спорно бидејќи, укажува на блокада на социјалната подвижност во општеството.

Да се потсетиме на онаа група која во пазувите на СДСМ правеше програма за промените во земјата, на чело со професорот Узунов и при тоа укажа на алармантните податоци од Светска банка што јасно го покажуваат зголеменото раслојување кај нас. Според методологијата на Светска банка, населението е разделено во пет петтини. Петтината, односно 20 проценти од населението, во која се вклучени и најбогатите граѓани, располага со 49 проценти од вкупниот доход. Петтината со најсиромашните граѓани има само 4,9 проценти од вкупниот доход. Петтината, која пак, се смета за средна класа располага со 23 проценти од вкупниот доход.

Групата која подготви стратегија јасно ја посочи потребата во земјава да се зајакне присуството на средната класа, со оглед на речиси драстична поделба на богатството во земјата, а таа, средната класа, која треба да биде гарант на демократските вредности во општеството, во било кое општество, да се разбереме, е стисната во некакво менгеме.

Зголемувањето на основните плати по гранките и дејностите и покачувањето на куповната моќ, засега не вродија со таква нова и базична позиција на таа класа, за што, меѓу другото, говори и сѐ погласниот рудимнентиран говор на првиот човек на Стопанската комора и тоа против онаа влада која буквално ја спаси економијата во три последователни кризи – здравствената, енергетската и секако кризата со големата инфлација на светско ниво! Страшно е да помислиме што би се случило ако на власт останеше Груевски и неговата екипа во такви драматични околности.

*

Ова можеби и изгледа и како некакво излегување од темата Навални, но е битна, бидејќи, ја дава закономерноста со која мотивите за владеење и во Русија и во земјава од страна на ортодоксната десница одат кон изедначување и кои ја даваат таа духовна симбиоза што го објаснува молкот по повод смртта на Навални, практично, убиството на можниот голем херој на вистинската преродба на Русија.

Се споменува, нели, во официјалните кремљовски кругови – синдромот на недајнета смрт! И отсуството на емпатија кон начинот со сурова пресметка со Навални, како во романите на Солжењицин во казаматот кај поларниот круг, а во јавниот дискурс на „библиската земја“ не може да остане незабележана.

Не, тоа не е за одмавнување со раката како да бркате мува, тоа е жал над судбината на еден народ со голема култура и историја на гладта, смртта и патењето кој се свива под практиката на еден Иван Грозни или Јосиф Висарионович. И нивниот имитатор Путин што сака да ги надмине.

И таму во Русија и ваму во Македонија, имаме сериозни богаташи кои во економска, а следствено на тоа и во политичката сфера го држат општеството во свои раце, со контрола на медиумите и информирањето.

Впрочем, матушка по бројноста на хипербогаташите и богатство ги има најголемите тајкуни во светот, што не е соодветно на богатството кое го создава државата, која иако е најголема по територија и е светска супер сила, во трговската размена на глобално ниво учествува во неспоредливо пониски пропорции!

Овој несразмер секако мора да се одрази како што одите надолу по социјалната конфигурација – постои јасно социјално исцрпување и тоа оди главно како поединечен профит надвор од земјата! Водењето на војна која трае веќе две години однесе или онеспособи најмалку половина милион луѓе (или барем исто толку семејства), затвори многу приватни бизниси, истера од земјата близу милиони бегалци (тоа е главно техничка интелигенција во најзрели години, која лесно наоѓа работа надвор од границите на Русија)!

Да го споменеме и фактот кој ретко се покажува во јавност (а уште помалку кај нас се споменува) дека Русија е производител на вакцини против короната, не сакаше да ни ги даде нам (!), но има најнизок степен на вакцинираност во светот, со само 16 отсто од населението! Ова го покажува целосниот распад на системот на здравствена покриеност, но и своевидниот отпор кон системот, бидејќи, антиваксерството е во еден дел и одраз на недоверба во институциите во една земја.

За разлика од промоторите на руската моќ кај нас, што отворено ни се закануваа на стартот на нападот на Русија врз Украина во стилот „така и ви треба, кога влеговте во НАТО (пазете на вокабуларот, на она „вам ви треба“) на моралната терезија во земјава изгледа треба да внимаваат малкумина кои не замижуваат на речиси дневните лизгања на видни личности низ фаталните скали во зградите во Москва или Санкт Петерсбург; на оние кои паѓаат над премногу отворените прозорци, па и на преголемата чувствителност на „новичокот“ врз дисидентите.

Впрочем, ниту воздухот во дачите во Подмосковието не е најчист, па видните и здрави сопственици на вили во тој реон, обично наоѓајќи се таму и по некаква заслуги за режимот, сепак не стигнуваат до следниот работен ден живи!

Можеби на овие вториве сограѓани, чувари на демократскиот сенс во земјава и ќе доживеат да им судат оние првите, бидејќи гледам дека се добро закотвени во разно разни тела за проценка на етичноста на новинарските пера (упс!), а богами уживаат и повластица да имаат редовни колумни.

Колкава е таа севкупна моќ на еден апарат, почувствуваа и оние кои се одлучија нешто да ѝ замерат и на МПЦ за нејзините дворски, главно проруски игри. Нема за овие „сили во воздухот“ скршнување од доминантниот колосек, кој води рамно кон планот Б што стои над вратите на крајот од изборниот процес. Смртта или поточно убиството на Навални е само лакмус хартија каде отисок остава и нашата интелектуална средина со своето одмолчување.

Специјално за ЦИВИЛ МЕДИА. Текстот е личен став на Авторот.
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Орбан падна, Мицкоски молчи, ВМРО-ДПМНЕ во паника

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Неуспехот на Орбан: гледајте ја Унгарија, мислете на Бугарија

    105 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Што знае Николоски: Кога самоувереноста открива повеќе отколку што треба

    107 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Кој со Орбан тикви садел…

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Дерала во ТВ24: Сценариото е познато, сцената поставена – Груевски, Мицкоски, Вучиќ, Орбан и ансамблот

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ