• Latest

Одземен имунитетот на шест пратеници на ВМРО-ДПМНЕ

November 30, 2017
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Одземен имунитетот на шест пратеници на ВМРО-ДПМНЕ

November 30, 2017 14:03
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Комисијата за деловнички и мандантно – имунитетни прашања му предложи на Собранието на Република Македонија да им го одземе имунитетот на шестмината пратеници на ВМРО-ДПМНЕ поради барањето за притвор од Судот за нивното учество во насилните настани во Собранието на 27 април.

Членовите на Комисија поединечно се изјаснуваа за секој од шестмината пратеници: Крсто Мукоски, Јохан Тарчуловски, Жаклина Пешевска, Љубен Арнаудовски, Љупчо Димовски и Сашо Василевски.

На седницата не присуствуваа пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, од чија пратеничка група се осомничените народни избраници. Сите шестмина, како што информираат од Собранието, биле известени и ги примиле известувањата за седницата.

Единственото обраќање на седницата на пратеникот Александар Кирацовски од СДСМ, кој кусо оцени дека настаните од 27 април биле напад врз демократијата и уставниот поредок на земјата и обид за загрозување на животот на пратениците од тогашната опозицијата. Институциите на Република Македонија, според него, имаат целосен кредибилитет, должност и одговорност до крај да го расчистат овој случај за правдата конечно да излезе на виделина и кривичните дела од ваков карактер никогаш да не се повторат.

„Како еден од десетмината пратеници кои на 27 април беа во прес центарот на Собранието, носам лично сведоштво за настаните, за ситуацијата, за сите факти, кои беа евидентни. Вредеше секој момент, секоја минута, секоја секунда, мината во таа прес-сала затоа што се изборивме за правдата, за демократијата, да се врати функционирањето на нормалниот систем во нашата држава“, рече Кирацовски.

Ситуацијата, додаде тој, е многу чиста, фактите се очигледни, аргументите се поголеми од сите нас.

„Лично уште кога се избираше Владата на Република Македонија им простив на нашите колеги пратеници, на сите оние што учествуваа на овој настан, затоа што човечки е да се прости, затоа што ни самите тие не биле свесни во каква игра биле ставени и што се можеше да се случи, но видов дека и тие никогаш нема да простат на оној кој им дал наредба да се впуштат во нешто од кое ќе се срамат и ќе се каат целиот свој живот“, истакна пратеникот од СДСМ.

Кога сме исправени пред една ваква одлука, кажа Кирацовски, треба да бидеме свесни дека ние сме пратеници, обични луѓе и не смееме да се носиме над законот и да се ставаме во улога на судии и обвинители. Кои сме ние денес да попречуваме одредена судска постапка, праша пратеникот.

„Враќањето на правната држава, на правдата во Република Македонија е нешто за кое сите со години се боревме, а Собранието треба и мора да биде првиот пример каде што таа практика ќе владее. Никој не е над законот, па ниту ние пратениците“, рече Кирацовски, образложувајќи зошто гласаа за барањето на судот за симнување на имунитетот на шестмината пратеници.

Претедателот на Комисијата за деловничко и мандатно и имунитетни прашања, Павле Богоевски, сега треба да изготви извештај што треба да го достави до Собранието, кое најдоцна до сабота треба да донесе конечна одлука за симнување на имунитетот на шестмината пратеници од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ. За одземање на имунитет на пратеникот потребно е просто мнозинство. По известувањето за притворање пратеник, кој не се повикал на имунитет, Собранието може да одлучи да се примени имунитет над пратеник, ако тоа е потребно за вршење на функцијата пратеник. Пратениците се дел од 36-те лица кои Основното јавно обвинителство ги гони за „терористичкo загрозување на уставниот поредок и безбедноста“ во врска со настаните од 27 април годинава во Собранието на Република Македонија.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: 27 априлодземање на имунитетпратенициСобрание
Share165TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ