• Latest

Офанзива на Орбан против невладините организации поддржани од Сорос!

January 24, 2017
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Масовен напад врз Кијив, Харкивскиот и Одескиот регион, има загинати и повредени, руските окупатори продолжуваат да напаѓаат врз луѓето

November 14, 2025
Скриншот од видео на CNBC-TV18

Првичните трендови на клучните индиски државни избори покажуваат водство на алијансата на премиерот Моди 

November 14, 2025
Фото: Државна служба за вонредни ситуации на Украина/Телеграм

„Злобен напад“ – 4 убиени, десетици повредени во Киjив во масивен руски ракетен напад

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Офанзива на Орбан против невладините организации поддржани од Сорос!

January 24, 2017 12:22
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Владата на Орбан ги обвинува невладините организации финансирани од Џорџ Сорос за нелегитимно влијание врз политичкиот живот. Граѓанските организации се подготвуваат за напад од политичарите кои некогаш на нив гледаа поинаку“, се вели во текстот на новинарот Ден Нолан, што денеска го објави „Дојче Веле“ на македонски јазик. ЦИВИЛ Медиа го пренесува текстот, поради кореспондирањето на општествените случувања во Унгарија и во Македонија, во поглед на односот на власта кон невладиниот сектор.

Џорџ Сорос, американско-унгарскиот милијардер, некогаш беше поздравуван како ослободител на Унгарија. Тој помогна во уривањето на комунистичкиот режим, со тоа што ја снабдуваше либералната опозиција со машини за фотокопирање кои беа користени за печатење на дисидентските изданија, потоа го основаше престижниот Универзитет на централна Европа во родниот град – Будимпешта и таму го формираше центарот кој раководи со мрежата на либералните организации Отворено општество (ОСФ) кои во Унгарија финансираат повеќе од 60 невладини организации.

Како што визијата за либералното општество на унгарскиот премиер Виктор Орбан се заканува да стане глобална, во Унгарија Џорџ Сорос е прогласен за непожелна личност, а негодите идеали за „отворено општество“ се цел на напад. Во средината на јануари, пратеник од партијата на Орбан, „Фидес“, издвои три невладини организации финансирани од Сорос – организацијата за човекови права Хелсиншки комитет, Унгарската унија за граѓански слободи (ТАСЗ) и Транспаренси интернешнал – кои треба да бидат „избришани“. Предметот е ставен на законодавната агенда за пролет.

Минатата недела, во едно кафуле во центарот на Будимпешта, ДВ се сретна со еден вработен во Фондацијата отворено општество. Откако тој го стави својот мобилен телефон во црна „Фарадеј торба” – направа која го оневозможува набљудувањето на комуникациите преку блокирање на електромагнетските сигнали – со него разговаравме за можното влијание на победата на Трамп врз политиките на Орбан кон невладините организации и успехот на црната пропагандна кампања против Сорос, кој отворено го поддржува населувањето на бегалците во Унгарија. Тој ни откри дека во ОСФ се разговара и за можноста од релокација на дел од организациите во помалку непријателски земји. Но, следниот ден, прес-центарот на ОСФ го забрани објавувањето на неговите тврдења.

Наместо тоа, беше оставено на Џорџ Сорос да ги коментира плановите на унгарската Влада кои тој ги нарече „многу сериозна закана“. Коментирајќи ги истите, внимателниот Сорос читаше однапред подготвена изјава, објаснувајќи: „Сакам да ги одберам моите зборови внимателно, затоа што судбината на нашите стипендисти и вработени е под ризик“. Останатиот дел од интервјуто за „Блумберг маркетс“ кое тој го даде на маргините на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија се одвиваше слободно.

„Заканите од членовите на унгарскиот парламент против унгарското цивилно општество се напад на вредностите на Европската унија и владеењето на правото, врз кои Унијата е градена низ декадите. Цивилното општество е витален компонент за демократијата и отворената дебата за јавните политики. Го посветив мојот живот и фондациите за промовирање на отвореното општество: сегашната унгарска влада се залага за спротивното“, рече Сорос.

„Унгарија има придобивки од нејзиното членство во ЕУ: во тоа светло, обидот на сегашната Влада да го заплаши и дискредитира цивилното општество е целосно неприфатлив“, додаде Сорос со што предизвика аплауз кај присутните.

Во меѓувреме, амбасадорот на САД во Унгарија во заминување, Колин Бел, назначена од Обама, во интервју за „Индекс.ху“ потенцираше дека „многу големи нешта“ за Унгарија биле направени од Џорџ Сорос. Како дел од неговите заложби таа ги истакна поддршката за ромската заедница и обезбедувањето на школарини за „талентираните Унгарци“. Неколку клучни политичари во партијата „Фидес“ некогаш биле корисници на такви школарини, вклучувајќи го и самиот Орбан, што му дава едиповски пресврт на нападот против невладините организации, финансирани од Сорос..

Марта Пардави, копретседател на Хелсиншкиот комитет, организација која добива околу 30% од годишните финансии од Сорос, за ДВ изјави дека дознала од медиумите дека нејзината организација е во фокусот на владата.

„Има две страни: едната е декларација на имотот на лидерите на невладините организации. Другата е таргетирање на невладините кои добиваат голема пропорција од нивните ресурси од странски влади“, вели Пардави.

Спротивставувањето на мешањето на странските влади во внатрешните работи на Унгарија долго време беше една од главните политики на Орбан. Неодамна, премиерот изјави дека во време на администрацијата на Барак Обама, САД користеле „најсурови методи на мешање“.

Но, самиот Орбан, постави реклама на цела страница во британскиот „Дејли меил“, за поддршка на кампањата за останување во ЕУ на Велика Британија – само неколку дена пред оддржувањето на референдумот за Брегзит. Но, според портпаролот на унгарската влада Золтан Ковач ова не може да се смета за мешање на странска влада. „Тоа беше мислење, а не конкретно мешање, затоа што не се обидувавме да влијаеме или да вмешаме политичари или цивилни групи“, изјви Ковач за ДВ. „Тоа беше јасно и одговорно владеење”.

Орбан, кој беше првиот лидер кој ја поддржа кандидатурата на Трамп е среќен поради заминувањето на неговиот претходник од Белата куќа. Една од причините за тоа е референцата на Обама за односот на Унгарија кон невладините организации во говор во 2014 година.

„Од Унгарија до Египет, бескрајната регулација и отвореното заплашување се повеќе го таргетираат цивилното општество“, изјави Обама во својот говор.

Во ерата на Трамп, изјави Ковач, ќе биде повлечена нова линија помеѓу „избраните политичари“ и граѓанските органицации кои „влијаат или ги креираат политиките на нелегитимен или бесправен начин. „Не треба да мислите на Турција или Русија – мислете на САД“, додаде тој.

Ковач бил корисник на стипендија од Сорос за студиите на Централно европскиот универзитет.

Кога е во опозиција, „Фидес“ редовно се вклучува во граѓански иницијативи. На пример, министерот за човекови ресурси од „Фидес“, Золтан Балог, протестираше против „наводните повреди на човековите права на државно ниво и примената на двојни стандарди“ во парламентот во 2009 година, соосновајќи ја невладината организација „Фридом сркл“ две години претходно. Освен тоа, „Фидес“ редовно ги цитираше извештаите на Транспаренси Интернешнл и повикуваа државата да им додели награди на ТАСЗ и Хелсиншкиот комитет.

Во тоа време, забележува Пардави, „тие сметаа дека критичките забелешки се потпираат на факти и не се пристрасни“.

„Пред десет години беше сосема различно“, објаснува Ковач. „Хелсиншкиот комитет се обидуваше да ја работи својата работа на волонтерска база, засновано на граѓански придобивки. Во последните шест години, гледаме дека граѓанските групи се вмешани во политика и тоа е проблем“, додава тој.

Хелсиншкиот комитет е една од 62-те невладини организации финансирани од норвешки грантови кои беа таргетирани од владата на Орбан во 2014 година. По проверките на нивните канцеларии, инспекциите и ревизијата на работењето, сепак, не беа откриени нерегуларности.

Во меѓувреме, како што вели Пардави за ДВ, голем број од невладините организации кои беа на мета, формираа неформална алијанса и форум за правно застапување наречен „Колоп“, која подготви документ за јавна политика на 64 страници со конкретни предлози за транспарентност. Таа вели дека Владата решила да го игнорира документот.

Друга невладина организација, кон која повторно се очекува да биде вперен погледот на Владата е порталот за истражувачко новинарство „Атлазо“ (Транспарентно).

Главниот уредник, Тамас Бодоки за ДВ изјави дека доколку се соочат со напад „ќе се бранат и ќе го нападнат противникот. Ако бараат транспарентност, ајде да започнеме од нив, од парите на даночните обврзници – ние ќе ја туркаме оваа револуционерна идеја“.

Бодоки додаде: „Ние веќе сме транспарентни и ги објавуваме нашите извори на финансирање“.

„Тие имаат голем број на невладини организации и медиуми кои се стопроцентно финансирани од Владата. Ние сме многу повеќе транспарентни од нивните ‘гонгоси’ (невладини организации финансирани од владата). Ако сакаат да ја повторат Норвешката војна, ние треба да ги искористиме нивните аргументи против нив. Моите колеги ќе состават листа од гонгоси и ќе ја објават“.

Пардави вели дека невладините организации треба да го погледнат предлогот за отстранување на невладините организации и да одредат дали е во согласност со законодавството на ЕУ и дали „има одреден вид на дискриминација во поглед на примањето на финансиски средства“, додавајќи дека е „тешко да се прекинат финансиските трансакции во ЕУ“.

Tags: Виктор ОрбанОбамаСАДТрампУнгаријаХелсиншки КомитетЏорџ Сорос
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ