• Latest

Оксфорд со предупредување: АстраЗенека поради критиките од ЕУ може да ја зголеми цената на вакцините

March 26, 2021
Фотографија: Колаж/АП

Шенжен: Трамп повика на дијалог, Си на соработка, Путин на заедничко решавање конфликти

November 19, 2026
Јана Коцевска (фото: ИМА)

Јана Коцевска: Родовото насилство е нормализирано, институциите не обезбедуваат вистинска заштита

November 19, 2026

Тврдењето на Сиљановска-Давкова падна при основна проверка на фактите: Уставниот „рекорд“ не постои

November 19, 2026
Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје (Wikipedia)

Скопје меѓу „шампон“ и ѓубре: Што велат 247 коментари за првата година на Орце Ѓорѓиевски?

November 19, 2026

Европска комисија предлага нови 45 милијарди евра за Украина во 2027 година

November 19, 2026

Правилното чување на тутунот е важно за зачувување на квалитетот пред откупот

November 19, 2026
Поморскиот сообраќај во Црното Море се соочува со зголемени безбедносни ризици. (Фото: Mosbatho / Wikimedia Commons, CC BY 4.0)

Два поморски инцидента за два дена во Црното Море, спасени 31 морнар

November 18, 2026
Гордана Сиљановска-Давкова гласа за вториот круг на претседателските избори во 2024. Фото: Toshe Ognjanov (VOA). Извор: Wikipedia

Сиљановска-Давкова и „рекордот“ во бројот на уставни измени: Тврдењето падна на проверката на фактите – статистиката во служба на националистичката реторика

November 18, 2026
Анти-владини протести, Братислава, 17 ноември 2026 (Фото: Скриншот од видео на APT News)

Словачка: Илјадници демонстранти протестираа против владата на Роберт Фицо

November 18, 2026
Беџ на АНБ (фото: Архива на Слободен печат)

АНБ и МВР разоткрија мрежа поврзана со Иран: Петмина уапсени поради сомневања за подготовка на атентат во Грција

November 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Оксфорд со предупредување: АстраЗенека поради критиките од ЕУ може да ја зголеми цената на вакцините

March 26, 2021 11:42
in ВЕСТИ, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

Ако може да се суди според зборовите на еден од водечките научници од тимот што ја произведе вакцината на АстраЗенека, поради критиките што доаѓаат од ЕУ, цената на таа вакцина може да се зголеми, пишува Индекс.хр.

Џон Бел, канадски имунолог и генетичар и професор на Оксфорд, кој беше еден од клучните научници во развојот на вакцината на АстраЗенека, во интервју за британски Телеграф рече дека АстраЗенека може да ја доведе во прашање претходната одлука да не профитира од вакцината, поради критиките од Европската унија.

Тој тврди дека на АстраЗенека никогаш не и било одадено признание за одлуката да не заработи пари од вакцината, додавајќи дека неодамнешните напади што доаѓаат од водечките политичари во ЕУ ја доведуваат во прашање таквата одлука.

– Има момент кога АстраЗенека може да каже: „сега ќе престанеме да наплаќаме ниска цена затоа што не ни оддавате признание за сè што направивме“. Цената на акциите на АстраЗенека падна, не се зголеми. Произведуваме повеќе вакцини од кој било друг. Се работи за сигурна и ефикасна вакцина, а на никого не му е грижа, рече Бел.

Тој нагласи дека во АстраЗенека има фрустрација затоа што се откажува од профитот на вакцината, што не е случај за ривалите како што се Фајзер или Бионтек.

– Немам проблем со тоа луѓето да заработуваат, но сега не е време за тоа. Фармацевтската индустрија ни порачува: „Погледнете не, бевме одлични и го спасивме светот. Да, така е, но исто така заработивте многу пари, истакна професорот.

Изјавите на Бел, пишува Телеграф, доаѓаат во време кога и во АстраЗенека интерно се дискутира дали британско-шведската компанија треба да наплаќа повеќе за својата вакцина.

Компанијата АстраЗенека ги коментираше изјавите на водечкиот научник од Оксфорд.

– Од самиот почеток, пристапот на АстраЗенека е да се третира развојот на вакцините како одговор на вонредната глобална закана по здравјето и ќе продолжи да работи во истиот дух. Апсолутно сме посветени да обезбедиме вакцини во што е можно повеќе земји и при тоа да не заработиме ништо. Компанијата вети дека ќе ја продава вакцината по цена која доволна само за покривање на трошоците за време на пандемијата, рече портпаролот на АстраЗенека

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ