Канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права на ОН соопшти од почетокот на руската инвазија врз Украина има повеќе од 1.200 цивилни жртви, од кои најмалку 406 загинати и 801 повреден, пренесува МИА.
Повеќето од повредените се во регионите Доњецк и Луганск во источна Украина. Бројките се груба проценка и ОХЦХР нагласува реалните се веројатно значително повисоки.
Високиот комесар на ОН за бегалци Филипо Гранди изминатиот викенд рече дека досега повеќе од 1,5 милиони луѓе ја напуштиле Украина.
Тој нагласи тоа е „најбрзо растечката бегалска криза во Европа од Втората светска војна“.
Комесарот на УНХЦР, Филипо Гранди, денеска соопшти дека според текот на настаните на терен проценката на Агенцијата за бегалци на ОН е оти наредните два дена бројот бегалци од воените жаришта во Украина да достигне два милиона.
„Мислам дека денеска или можеби најдоцна утре ќе ја поминеме границата од два милиони. Значи, бегалската криза не престанува“, нагласи Гранди во изјава за норвешките медиуми.