Обединетите нации имаат докази за извршени воени злосторства во Украина, изјави Високиот комесар на ОН за човекови права, Мишел Башелет, во видео обраќање пред Советот за права со седиште во Женева, кое го објави на Твитер.
UN High Commissioner for Human Rights Michelle Bachelet delivered an update on #Ukraine to the Human Rights Council’s 34th special session. #SS34
FULL STATEMENT ▶️ https://t.co/W1ZEknSKME pic.twitter.com/a1QA1EJkLn
— UN Human Rights Council (@UN_HRC) May 12, 2022
Според неа, иако и двете страни во војната имаат одговорност за смртта на невини лица, најголемиот дел од жртвите се припишуваат на нападите на руските воени сили. Само на северот на Киев, досега се пронајдени тела на илјада цивили – повеќето како последица на директна егзекуција.
„Размерите на неоправданите убиства, вклучително и индикациите за брзи егзекуции во областите северно од Киев, се шокантни. Иако имаме информации за 300 такви убиства, бројките ќе продолжат да се зголемуваат како што ќе бидат достапни нови докази. Овие убиства на цивили често се чини дека се намерни, извршени од снајперисти и војници“, рече Бачелет.
Официјалните лица испитуваат дали во пресрет на повлекувањето на руските трупи од областите северно од Киев, цивилите биле убивани или егзекутирани од руските војници, како и се поголем број докази кои укажуваат на можно силување и сексуално насилство. На некои од жртвите им биле врзани рацете зад грб.
Обединетите нации имаат информации за загинати најмалку двесте деца, но според нив, бројката ќе расте. Генералниот секретар на организацијата, Антонио Гутереш очекува војната да трае и изјави дека сега фокусот на сите дипломатски напори се обезбедување на хуманитарни коридори. И според официјален Вашингтон војната ќе трае, а украинскиот претседател Зеленски повторно побара помош во оружје и опрема.
М.Д