Од 4 часот наутро на 24 февруари 2022 година, кога започна вооружениот напад на Руската Федерација против Украина, до 24:00 часот на полноќ на 4 април 2022 година (по локално време), Канцеларијата на Високиот комесаријат на ОН за човекови права (ОХХР) регистрираше 3.675 цивилни жртви во земјата: 1.480 загинати и 2.195 повредени., соопштуваат од ОХЦХР.
Од вкупно 1.480 убиени, 331 се мажи, 211 жени, 22 девојчиња и 40 момчиња, како и 61 дете и 815 возрасни чиј пол сè уште не е познат.
Вкупно повредени 2.195 цивили : 253 мажи, 194 жени, 43 девојчиња и 40 момчиња, како и 100 деца и 1.565 возрасни чиј пол сè уште не е познат.
Повеќето од регистрираните цивилни жртви биле предизвикани од употреба на експлозивно оружје со широка област на удар, вклучувајќи гранатирање од тешка артилерија и повеќекратни ракетни системи за лансирање, како и ракетни и воздушни напади, стои во извештајот на ОХЦХР.
ОХЦХР верува дека вистинските бројки се значително повисоки, бидејќи добивањето информации од некои локации каде што се водат интензивни непријателства е одложено и многу извештаи сè уште чекаат потврда. Ова се однесува, на пример, за Мариупол и Волноваха (регионот Доњецк), Изиум (регионот Харков), Попасна (регионот Луганск) и Бородинка (регионот Киев), каде што има наводи за бројни цивилни жртви. Овие бројки дополнително се потврдуваат и не се вклучени во горната статистика.
ОХХР го нотира извештајот на Генералното обвинителство на Украина, според кој до 08:00 часот на 5 април (локално време), 165 деца биле убиени, а 266 повредени.
Д.Мишев