• Latest

ОН со поддршка, ЕУ со двојни стандарди – порака на Сиљановска Давкова од Њујорк

September 25, 2025
Кијив, 6-7 ноември 2026 (ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: 36 балистички ракети истрелани кон Кијив – крвавата „дипломатија“ на Кремљ во пресрет на преговорите во Абу Даби

November 7, 2026
Колаж од објавата на OCCUPY DEMOCRATS

Occupy Democrats: Путин ја претвори хуманитарната мисија на Меланија Трамп во руска пропагандна победа

November 7, 2026

ДОСИЕ: Ќе се реши ли енигмата околу смртта на Цвијан откако Вучиќ замина во опозиција?

November 7, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ОН со поддршка, ЕУ со двојни стандарди – порака на Сиљановска Давкова од Њујорк

September 25, 2025 10:48
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш, изрази целосна солидарност со нас и целосна поддршка и обете ги врза за нашите демократски чекори, особено за способноста за менаџирање на меѓуетничките односи, изјави претседателката Гордана Сиљановска – Давкова по средбата со Гутереш, што се одржа синоќа (по македонско време) во Њујорк, во рамки на учеството на 80. Сесија на Генералното собрание на ОН.

– Тој рече дека стои зад нас и дека ова секаде ќе го повторува. Се разбира добро е да чуете ваков став и да добиете поддршка од првиот човек на Обединетите нации заради неговото богато дипломатско искуство во кое и ние сме биле вклучени како земја која што кога имала проблеми се нашла на дневниот ред на неговата агенда, истакна претседателката Сиљановска – Давкова.

Таа додаде дека средбата не беше од отворен карактер, меѓутоа на неа беа присутни и министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски и министерот за евроинтеграции Орхан Муртезани, кои ја придружуваат на работната посета во Њујорк.

Сиљановска – Давкова на средбата изрази почит кон улогата на Гутереш како глас на разумот и правдата во време на големи глобални предизвици и тектонски промени во меѓународниот поредок.

– ОН треба да ја зајакнат својата улога и да бидат главната арена за справување со глобалните предизвици – од војната во Украина и конфликтите на Блискиот Исток, до климатската криза и спроведувањето на Агендата 2030. Затоа се потребни суштински реформи, преку јакнење на репрезентативноста и демократизацијата на Генералното собрание и на Советот за безбедност, истакна претседателката на средбата со генералниот секретар на ОН.

Нагласувајќи ја важноста на женското лидерство, таа укажа дека активно се спроведува и Вториот национален акционен план за жени, мир и безбедност.

Според неа, водството на Гутереш отвора простор за спроведување на потребните реформи на светската организација, а одличното партнерство со тимот на ОН во земјава резултира со значајна поддршка на реформите за владеење на правото, борбата против корупцијата и доброто управување – приоритети кои се клучни за македонската европска интеграција.

Сиљановска-Давкова му се заблагодари на Генералниот секретар на ОН за безрезервната поддршка на македонскиот пат кон ЕУ и за неговата позиција за потребата од забрзување на евроинтегративниот процес.

Како што јави известувачот на МИА, по средбата со Гутереш, претседателката присуствуваше на приемот за лидерите од Западен Балкан што го приреди високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас, каде што повторно укажала на двојните стандарди што ги манифестира ЕУ, конкретно кога станува збор за мали држави.

– Укажувам на ставање крај на двојните стандарди бидејќи тоа не е европски манир, не е европска пракса, не би требало да биде европска пракса. Значи, за мене е антиевропско однесување, но тоа постојано се практикува во Европската унија, рече Сиљановска – Давкова.

Таа додаде дека за овој проблем и укажала и на Калас, но и дека предупредила дека проблемот нема да застане на нас, дека веќе се наѕира и во поглед на Молдавија и Украина.

– Укажав и дека ЕУ не е само прашање на проширување туку дека влегување на Западен Балкан или реинтеграцијата на Западен Балкан во Европа, односно во моментот во ЕУ, каде што географски, историски и културно со векови припаѓала, ќе биде многу важен лек против безбедносните дилеми што веќе се наѕираат. На потег се тие, истакна Сиљановска – Давкова.

Се разбира, како и секогаш, додаде, реков дека во тешки моменти Европската унија успевала да биде многу креативна и можеби сега предизвикот е голем.

– Исто така, реков дека е важно Западниот Балкан да го перцепира како целина и дека ако има расчекор во чекорењето меѓу земјите од Западен Балкан тоа може да предизвика дополнително поделби наместо обединување, рече претседателката Сиљановска – Давкова.

По средбата со Калас и лидерите од Западен Балкан, таа присуствуваше и на приемот организиран од Меѓународниот центар „Низами Ганџави“.

Извор: МИА

Фото: кабинет на Сиљановска – Давкова

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ