Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе одржи онлајн прес конференција денеска, со почеток во 15 часот по македонско локално време. Тој ќе говори за руската инвазија на неговата земја, а преносот во живо ќе биде емитуван на Фејсбук страницата на министерството.
Заинтересираните новинари ќе можат да се акредитираат најдоцна до 13 часот по локално време на онлајн формуларот за акредитирање.
Акредитираните новинарки и новинари ќе имаат можност да поставуваат прашања преку WhatsApp група што ќе ја администрира МНЕ на Украина.
Целосна информација за настанот може да се најде на линкот на МНР Украина.