„Македонија пред се – патот на ВМРО-ДПМНЕ 1990 – 2017“, е насловен серијалот од 10 продолженија кои ќе се емитуваат секој ден од 23:30 часот на ТВ Сител, стои во видео-најавата што ја сподели претседателот на партијата, Никола Груевски на својата официјална Фејсбук страница.
„Додека има вмровци, ќе има Македонија, и обратно, додека има Македонија ќе има и вмровци“, „На сите инволвирани јавно им порачувам дека ние не сме Македончиња, туку сме Македонци!“ (Никола Груевски)…, ова се дел од цитатите на промотивниот видео-клип.
Најавата за серијал за патриотското делување на ВМРО-ДПМНЕ е објавена пред лидерот Груевски денеска да се сретне со посредникот во разговорите за спорот за името, Метју Нимиц, кој е во тридневна посета во Македонија.
Промотивното видео започнува со извици: „Македонија, Македонија!“, но веќе следната секвенца е снимка од протест, со транспаренти „За Македонија ќе умреме!“, „Шиптари гласајте во Азија!“…
Промоцијата на наводните патриотските успеси на партијата според кои, опозиционата ВМРО-ДПМНЕ е најзаслужна за зачувување на идентитетот, суверенитетот, јазикот, културата на етничките Македонци…, е уште еден обид за дефокусирање на јавноста од активностите на СЈО и опструкциите на судот.
Дехран Муратов