• Latest

Оптимизам дека Грција и Македонија ќе постигнат договор во јуни

May 15, 2018

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Оптимизам дека Грција и Македонија ќе постигнат договор во јуни

May 15, 2018 13:37
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Високи европски дипломати брифираат за оптимизмот што владее во ЕУ во пресрет на Самитот во Софија за договор меѓу Скопје и Атина во текот на идниот месец.

Висок дипломатски извор, близок до Европскиот Совет, утрово ги информираше новинарите за текот на подготовките на софискиот самит, каде лидерите на ЕУ очекуваат добри вести од Скопје и Атина за текот на преговорите.

– Сѐ уште нема среќен крај и нема да има оваа недела, но има добар напредок.  Она што е важно е да има решение за грчко-македонскиот спор на почетокот на јуни, тоа би можело да е клучно за позитивна одлука на Европскиот Совет во јуни, брифираше дипломатот.

Во јуни шефовите на држави и влади на ЕУ ќе се состанат во Брисел за самит посветен на проширувањето, на кој ќе се разгледуваат препораките на Европската Комисија (ЕК) дадени во април, меѓу кои е и препораката за старт на преговори за Македонија.

-Тоа е временската рамка која нам ни е потребна, изјави дипломатот, а во Софија в четврток двајцата лидери ќе брифираат за преговорите.

Дипломатите во Европскиот Совет сметаат дека доколку Македонија и Грција постигнат договор за спорот може да се очекува “позитивно прелевање“ во другите земји во регионот.

-Ќе има импакт врз општата атмосфера, но и врз одлуката за Албанија, изјави дипломатот.

Европскиот Совет го дава договорот меѓу Бугарија и Македонија постигнат минатата година како пример за тоа како две земји од регионот можат да ги надминат тензиите.

– Бевме сведоци на договорот помеѓу Македонија и Бугарија. Имаше многу спорни теми, но успеаја да го решат овој проблем. Ова треба да биде модел, посочувајќи ја и демаркацијата на границата помеѓу Црна Гора и Косово како втор “позитивен пример“ од Западниот Балкан.

Запрашан дали ЕУ разгледува опција за отворање преговори без конечен компромис на спорот за името помеѓу двете страни, дипломатот одговори:

– Она што нам ни е потребно е позитивен сигнал од билатералните односи. Уште сме полни со надеж дека е можно во јуни да се постигне договор и се надеваме дека Заев и Ципрас ќе го оправдаат нашиот оптимизам уште повеќе. (МИА)

Tags: БриселЕУиметооптимизамрешение
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ